[{{mminutes}}:{{sseconds}}] X
Пользователь приглашает вас присоединиться к открытой игре игре с друзьями .
Обычный македонский
(4)       Используют 7 человек

Комментарии

Мультилингва 15 августа 2018
Словарь включён в программу мероприятия [18.07.18 - 07.09.18] Мультилингва МЕГА 2.
Написать тут
Описание:
Тексты длиной 300-330 символов
Автор:
Phemmer
Создан:
29 февраля 2016 в 22:15 (текущая версия от 8 декабря 2017 в 18:58)
Публичный:
Нет
Тип словаря:
Тексты
Цельные тексты, разделяемые пустой строкой (единственный текст на словарь также допускается).
Содержание:
1 Дури се пофалија трите сестри, царевиот син беше ги слушал и отишол дома, та пратил стројник и ја зел помалата сестра. Навистина, на годината беше родила едно машко дете, со ѕвезда на челото, арно туку кучки сестри, зависливи, бече му го зеле детето и беше го фрлиле по море и место дете беше и клале едно машко куче малечко.
2 Детето што го фрлија в море, беше го кренал еден бран, та беше го однесол во една земја и го изфрлил на суво. За правината Божја да излези на јаве, близу кај што го исфрлило морето детето имало една пештера, кај што лежела една срна и чула оти плачело детето, та рипнала и пошла по гласот да види што е.
3 Пет-шест години беше сторило, секаде си шетало и си играло со две камчиња бесценети што беше си ги нашло покрај море. Од лошите ветрои, беше дотерале брановите една гемија. Излегол гемиџијата на суво и го видел детето кај си шетало околу пештерата, се прибрал до него, му проговорил, арно ама детето не ти знаело никаков јазик.
4 Извадил чоекот и му дал едно јаболко да си касни, се скротило детето и го фатил за рака, фатил да го милува и да го гледа со ѕвездата на чело. Се чудел чоеко од кај ќе биди тоа дете и не би час, стигнала срнката, без да бега од гемиџијата, се навртела да си го дои детето. Се чудел гемиџијата како стасало детето во таа земја.
5 Видел гемиџијата оти и таа сака да оди со детето, ја зел и неа в гемија и тргнал да си оди дома. Кога беше заповедал Господ еден ветар, па кога ја потерал гемијата, во брзо време беше ја отерал до градот. Гемиџијата си го однесол детето дома со срната и никому не кажувал. Си продал еден бесценет камен и многу се збогатил.
6 Си го учел детето да зборува и го облекол во најубави алишта. На главата му клал една подлабока шапка за да му се покрива ѕвездата. Со денеска, со утре, го научил детето да зборува, чунки од царска крв беше, та многу беше му фаќало умот. Беше го крстил Најденко. Фатило детето да се запознава со децата и да си поигрува.
7 Веднаш беше пратил луѓе да го донесат пред него, да го види што дете ќе биди со ѕвезда на чело. Го донесол гемиџијата Најден пред татка си и беше му се поклонило како на цар што треба. Бидејќи гологлаво било ѕвездата беше болснала во очите на царскиот син и на самиот стар цар. Кога виделе тоа чудо, беше се зачудиле.
8 Му се пулел стариот цар во лицето на детето, во зборот што зборувало, во бенката што ја имало на десниот образ и сетил дека му е внуче, чунки цел целичок на татка си беше, како глаата да беше му ја скинал на татка си. Тогаш го прашале гемиџијата од кај го нашол тоа дете и тој беше му кажал кај го нашол.
9 А, за дамката, не сум сигурна за неа; не верувам дека е направена со шајка; преголема и презаоблена е да биде направена со шајка. Можев и да станам, но ако станев и погледнев, еден од десет не ќе можев да кажам што е со сигурност; бидејќи кога нешто ќе се направи, никој не знае како се случило тоа.
10 Каква гребаторска работа, нема што! Имам облека на грбот, зошто седам опколена со тврд мебел во овој момент? Зашто, ако сакаме да го споредиме животот со нешто, најдобро е да го направиме тоа како да сме издувани низ цевката со брзина од педесет милји на час, паѓајќи на другиот крај без ниедна шнола на нашата коса!
11 Фрлени пред стапалата на Бог целосно голи! Стркалани по зелените долини како кафеави хартиени пликови со печат од поштата! Со косата завратена наназад како опашка на тркачки коњ. Да, тоа ја одразува поминливоста на животот, постојаното растурање и надоградување; сето толку формално, толку непредвидено...
12 Но, по животот. Бавното спуштање на дебелото стебло на цветот, како што се наведнува, го поплавува со пурпурно и црвено светло. Зошто ако некој се родил таму да не се роди и тука, беспомошен, занемен, да не биде во состојба да се фокусира на нечиј поглед кој се обидува да ги види корењето на тревата, под ножните прсти на џинот?
13 Сакам да размислувам тивко, смирено, пространо, никогаш да не бидам прекината, да не треба да станувам од својот стол, да се префрлам лесно од една на друга работа, без какво било чувство на непријателство или пречка. Сакам да потонам се подлабоко и подлабоко, подалеку од површината, со нејзините тврдо разделени факти.
14 Воопшто не ме интересира. Би сакала да имам наплив на пријатни мисли, мисли кои индиректно ќе ме рефлектираат мене, бидејќи тие се најпријатните мисли, и многу чести дури и во мислите на најскромните подмолни луѓе, кои веруваат генерално дека не сакаат да ги слушаат своите сопствени пофалби за себе.
15 Навистина, интересно е како инстинктивно секој ја штити својата слика за себе од воодоошевување и од други ситуации што можат да ја направат да изгледа смешна, или премногу невистинита од оригиналната за да продолжи да верува во неа. Или, пак сепак не е толку интересно? Тоа е работа на голема важност.
16 Тивок, простран свет, со цвеќиња толку црвени и сини на отворените полиња. Свет без професори или специјалци или домаќинки со профил на полицајци, свет кој можеш да го пресечеш со една мисла, како што рибата ја сече водата со перките, долините посеани со лотоси, а над нив висат гнездата со бели јајца...
17 Овој воз од мисли, кој го чува, се заканува со намалена потрошувачка на енергија дури и со колизија со реалноста, тогаш кој ќе може да крене прст против Вајтекеровата Табела на приоритети? Архепископот на Кетбери ќе биде подржан од Лордот Виш Канцелар; Лордот Виш Канцелар ќе биде подржан од Археипископот на Јорк.
18 Ведро, зимско попладне... Студено е, камен пука, и на Надењка, што ме држи под рака. ? се нафатила сребрена снежна слана по кадрите на косата и по мовот над горната усна. Стоиме на еден висок рид. Од нашите нозе па до самото подножје се спушта стрмно долниште на кое сонцето се огледува како во огледало.
19 Џо беше во класата на Големиот Мајстор – позната ви е неговата слава. Цената превисока, часовите лесни, сето тоа му донесе лесно заработен стан на цена. Дилаја студираше кај Розенсток – позната ви е неговата репутација како вознемирувач на клавишите на пијаното. Тие беа неверојатно среќни се додека имаа пари.
20 Принцот, така замислен шетал по меката трева која го галела под нозете. Така маѓепсан од сјајот на месечината, одеднаш пред себе здогледал една малечка самовила облечена во прекрасен фустан од свила везена со злато, со долга коса распуштена по плеќите, а на главата со блескава круна украсена со драгоцени камења.
21 Тој воопшто не се исплашил од оваа ноќна појава туку и се доближил и ја фатил за рачето, но таа му се измолкнала и исчезнала. Во раката му останала само нејзината ракавица која била толку малечка што едвај можел да ја навлече на малиот прст. Тажен се вратил во дворецот и никому не кажал со кого бил.
22 Срцето му играло од среќа и тие долго шетале по месечината и си разговарале. Принцот се зачудил кога видел како малечката самовила истовремено додека зборувале почнала да расте. Таа пораснала двапати поголема од претходната вечер. Кога сакал да и ја врати ракавицата, таа не можела повеќе да ја носи затоа што и била малечка.
23 А преку ден, додека сонцето сјаело, принцот се мачел, по цел ден тагувал и одвај чекал да се појави месечината. Само таа му била во мислите и се прашувал дали вечерва ќе се појави. Тој се повеќе и повеќе се вљубувал во малечката самовила и таа секоја вечер растела и станувала се поголема и поголема.
24 И така тие среќно живееле седум години. Тогаш, починал стариот крал. На погребот дошле многу поданици. Неговото тело го чувале најубавите дами во целото кралство. Меѓу нив била и една црвенакоса и црноока убавица. Таа многу не му ја мислела, ниту мртвиот крал го гледала, ами цело време младиот принц со поглед го следела.
25 Но, принцот не ни забележал дека таа се смалила. Откако го закопале кралот црвенокосата девојка тргнала да го следи принцот на патот кон дома, а тој под око цело време ја погледнувал, така што не видел дека неговата жена станува се помалечка и помалечка. Кога стигнале во нивниот дом крај липата, неа ја снемало.
26 Не поминале ни три дена од нивната заедничка среќа, а таа почнала да бара од него да и купи постела од алем, сакала да и купи де ова, де она и постојано барала нешто што на овој свет речиси го немало. Кога принцот немал да и ја исполни желбата, таа плачела, се карала, го навредувала и кога му дошло преку глава, ја истерал.
27 Тогаш водачот на племето ја викнал кај себе и и рекол да си одбере маж. Но, девојката рекла дека ќе се омажи со оној што ќе успее да ја претрка во кану. Само победникот може да и стане маж. Денот кога требало да се одржи натпреварот бил навистина топол. Веќе било септември. Птиците си ги пееле своите песни.
28 Од време на време од водата изрипувале рибите, небаре сакале да видат дали се собрале многу луѓе. А, луѓето се собрале за да видат кое е најсилното момче што ќе успее да ја победи и да ја земе за жена Сончевото цветче. Но само што момчето и Сончво цветче се качиле во кануата, се појавило уште едно кану.
29 Сите го чекале сигналот од водачот. И кога се слушнал сигналот, двете кануа не тргнале бргу по текот на реката како што очекувале сите, ами полека почнале да одат нагоре. Вчудовидените луѓе сето тоа со внимание го гледале се дури двете кануа не се скриле зад облаците. Луѓето од племето долго стоеле на брегот.
30 Во случај да огладне патем, си го наполнил ранецот со кутија колачиња и овошен сок. Одејќи така стигнал до еден парк каде седел постар човек. Му се причинило на момчето дека човекот е гладен, па му понудило од своите колачиња. Старецот прифатил насмевнувајќи се. Потоа момчето му понудило и од сокот.
31 На ова старецот уште повеќе се насмевнал. Така седеле во паркот со часови, јаделе колачиња и пиеле сок. По некое време момчето тргнало да си оди, но се навратило за да го прегрне старецот. Старецот раширил голема, искрена насмевка на своето лице, а на момчето насмевката му се причинила како да е волшебна.
32 Орлето се испилило заедно со пилињата и пораснало со нив. Целиот свој живот орелот го правел истото што и кокошките во дворот мислејќи дека е дел од нив. Минале години и орелот остарел. Еден ден здогледал на ведрото небо една чудесна птица со моќни, раширени крилја. Стариот орел вчудовидено гледал нагоре.
33 Оваа приказна е инспирирана од друга приказна за која нема во целост да говорам и ќе ја споменам само во врска со приказната што следи. И двете приказни се слични, иако поновата е посовремена и појасно структурирана, нешто што не се забележува во постарата приказна која е инспиратив за оваа приказна.
34 Надвор беше сончево и влажно, онака како што и вообичаено умее да биде по престанот на една дождлива бура придружена со светли струни што го разбиваа мирот на инаку тивкиот планински дол. Денот не се издвојуваше од другите слични на него и ќе останеше така се до тапиот удар што се слушна близу куќата на Мастеосон.
35 Отпрвин таа се оттурнуваше од момчето, сакајќи да се скрие во густата трева, но потоа го спушти левото крило и Мастеосон забележа дека другото и беше неподвижно, со што се увери дека е повредена. Неговото чело се оддели во две рамнини кои ги прифаќаа сончевите зраци исто толку колку што и ги одбиваа назад кон изворот.
36 Таа, подисправајќи се и голтајќи ги сувите зрна успеа да ги измами усните на Мастеосон кои одамна беа заборавиле како да се смеат. Мастеосон се најде на еден стол на кој успеал вчера да заспие и веднаш се упати кон темнината, но подзастана за да слушне нешто што наликуваше на мека и смирувачка мелодија.
37 Тој продолжи да се движи и за брзо време се најде во собата со кафезот, вкочанувајќи ги сите мускулчиња и запирајќи во самите стапки. Птицата произведуваше низа лиминални тонови кои се населуваа во неговите уши и кружеа околу неговата глава додека Мастеосон молчешкум уживаше во непредвидливоста на внатрешните врвови и долини.
38 Чичкото не можеше да чека повеќе и тргна влево, таму поттгрнувајќи ја ткаенината што бесполезно висеше врз прозорецот и светлината продре толку длабоко во собата што му требаше доста време за да успеее да се навикне на новата поставеност. Во меѓувреме црвената птица продолжуваше да пее како ништо да не се имаше случено.
39 Топлите бранови навлегуваа преку голиот прозорец и се одбиваа од новиот слој на иструганата покуќнина која не беше повеќе темна како пред неколку недели. Кафезот се нишаше и беше малку подотворен исто како и секогаш, чувајќи ја слободата која сеприсутно кружеше низ собата и се одбиваше од неговите добри намери.
40 Вечерта, крцкави звуци навлегоа во неговиот сон и го натераа да се разбуди среде студената ноќ. Полека напредувајќи во полумракот, до Мастеосон допре поинаков мирис од она на што се беше навикнал, нешто налик животинско крзно и мочурлива трска и реата го натера да ја наслони целата снага врз ширум отворената влезна врата.
41 Следејќи ги стапките, Мастеосон се занесе и се удри во кафезот при што здогледа како неколку црни пердуви не брзаат да го најдат своето место на подот. Тој се спушти сакајќи да ги оддува, но во истиот момент пердувите се сронија како да беа проголтани од невидлив оган и тивко исчезнаа во воздухот наоколу.
42 Сонцето се беше закотвило на крајот од врвовите на падината и така создаваше нерамномерни снопови кои ги вбризгуваа своите краеви во трите отворени прозорци на новата куќа. Во светлината што се одбиваше од црните пердуви Мастеосон ја забележа отворената врата на дрвениот кафез во кој ја немаше птицата.
43 Чекаше како старец кој допрва треба да се роди. И тогаш Мастеосон престана да чека и низ мракот здогледа волчица и црна птица како ја надлетува одозгора. Потоа капките дожд започнаа да удираат по покриените прозорци на куќата во која едно дете плачеше и гледаше во празен кафез кој се нишаше во средината на неговата соба.
44 Кога ќе надојде некоја емоција потребно е набљудување на емоцијата, како влегува и ве обзема, како се движи во вас, и на крајот си заминува, бидејки ништо не е вечно, ние веруваме и се плашиме дека е вечно, но не е! Денес сме тажни, утре сме среќни и вљубени, потоа разочарани, тоа е круг на животот кој постојано се врти.
45 Исполнети со горделивост и импресионирани од самите себе капетанот и бродските офицери побудалеа. Го свртеа бродот на север и пловеа се додека не стасаа до ледени брегови и опасни санти, и продолжија да пловат на север во се поопасните води само за да си овозможат себеси уште побрилијантни потфати во морепловството.
46 Влакненцата се предаваа на воздушните струи и се нишаа де ваму – де таму, галопирајќи врз неговите нервни завршетоци. Видното поле, иако тој не сакаше, му беше ограничено кон височините и се испреплетуваше низ неговата имагинарна реалност. Сонуваше буден, или беше одамна заминат од овој свет, не можеше да биде сигурен.
47 Сигурно тие чуваат свои војници кои се спуштаат долу и ги носат заборавените во своите замоци. Трончиња на надеж го боцкаа секогаш кога ќе се сетеше на иднината. Знаеше дека таму некаде го чека златен одблесок кој исполнува желби. Веруваше во својот спас, тежнееше кон кинење на оковите, се надеваше.
48 Беше навикнат на ваквите натрапници и затоа не произведе никаква реакција. Гледаше, но не можеше да види јасно. Се искачуваше, сепак како да пропаѓаше со секој нов чекор. Границите самиот си ги поставуваше, само за да ги прекрши со секоја новонастаната мисла. Гореше во ладно и се тресеше проаѓајќи низ оган.
49 Воздухот пред него полека се кинеше и го напушташе просторот, создавајќи тежина врз неговите плеќи. Умот му се нишаше со огромна брзина и го спречуваше во мечтаењето. Полето се раздели на повеќе делови, а тој не припаѓаше никаде. Полека започна да паѓа во атмосферата, не чувствувајќи никаков отпор. Беше исполнет со мир.
50 Тогаш пеперутката застана. Се чинеше дека не може да продолжи. Таа реши да и помогне на пеперутката: зеде нож и ја отвори школката. Пеперутката излезе веднаш надвор со леснотија. Но,имаше слабо тело и нежни крилца. Девојчето продолжи да ја гледа, очекувајќи дека секој момент ќе ги отвори крилата и ќе полета.
51 Иако не можеше да се справи со семејниот буџет, неговите клиенти безусловно му веруваа и се чувствуваа сигурни. Затоа и го плаќаа добро. Тогаш водевме убав живот, со исклучок на некои мали брачни проблеми, но нив ги решававме со неколку слатки збора или со посета на спалната соба. Обично се каравме за парите.
52 Моето студио за јога само што почна да носи пари, а јас го декорирав во симпатичен минималистички стил со неутрални бои, едноставни графички решенија и ситни детали како драп перничиња од свила и глинени саксии. Конечно воспоставив контрола врз мојот деловен живот и давав се од себе да станам успешна.
53 Јас имав работа, а Кристофер трпеливо напредуваше во негеовиот оддел. Еден намуртен зимски ден во петтата година, одненадеж и без никакво предупредување, тој едноставно стана од бирото во неговиот сив преграден простор во банката, поднесе оставка, дојде дома и ми кажа дека сака да отвори фирма за внатрешен дизајн.
54 Не верував дека е сериозен. Но, откако најде неколку клиенти (благодарение на сестра ми, која има богати пријатели), тој почна да изготвува планови, да нарачува каталози, да посетува продавници за стар мебел, а од нашата празна работилница направи импровизирано студио, во кое ги закачи своите скици.
55 Држењето часови дома има свои предности. Дел од работилницата е загреан, па го користам за клиентите, а има и многу простор. Да, новото студио добро функционира, но тешко е да не се забележи Кристофер и метежот што го остава зад себе каде и да мине. Деновиве барем се облекува, па не морам да го кријам како на почетокот.
56 Обично му давам пари за да оди на кино попладне. Очигледно, тој гледа многу филмови. Никогаш не одеше сам на кино, но сега е поинаку. Се трудам да не мислам каде би отишол ако не е на кино. Мојот ум едноставно се исклучува. Па, што има лошо ако одиш сам на кино? Сега и пуши, па морам да му купувам цигари.
57 Еднаш, кога се обидов, тој почна да плаче. Иако не рече ништо, помислив дека е подобро да не го притискам, ами да чекам самиот да се отвори. Зар не е така? Во моментов, Кристофер седи до кујнската маса и се обидува да направи обетки од ситни делови стар накит, што му ги дадов за да вежба, и изгледа многу смирено.
58 Му објаснив дека може да остане колку што сака, но ако мисли тоа да биде за подолго, ќе мора да ги делиме сметките и станарината. Тој, пак, ме потсети дека работи во близина, така што ќе може да ги покрие трошоците. Потоа му реков дека ќе мора да си легнеме, зашто следниот ден и двајцата бевме на работа.
59 Кога се разбудив следното утро, се чувствував прекрасно. Се уште живееме заедно на истото место, но сега сме многу поискусни. Денес отидовме заедно да го купиме нашиот прв геј порнофилм за да научиме нешто ново. Јас, пак, си купив свое дилдо, за да имам помош кога сум слободен, додека моето момче е на работа.
60 Трговецот се оженил за вдовицата, но се прешол зашто таа не била добра мајка за Василиса. Василиса, пак, била најубава девојка во селото, а маќеата и нејзините посестрими и завидувале на убавината, ја мачеле со секакви работи за да ослабне од премаленост и да поцрне од сонцето и ветерот. Невозможно било да се живее со нив!
61 Утрото Василиса се разбудила, а баба рога била веќе станата. Погледнала низ прозорецот: очите од черепите почнале да се гаснат; блеснал белиот коњаник и сосема се разденило. Баба рога излегла во дворот, свирнала, а пред неа се појавиле аванот, толчникот и метлата. Блеснал црвениот коњаник и сонцето се појавило.
62 Една жешка ноќ во Падова, тие го одведоа на покривот, од каде можеше да го види градот. На небото се извиваа витли чад од оџаците. По извесно време, се стемни и рефлекторите се изгаснаа. Другите се симнаа долу и ги зедоа со себе шишињата. Тој и Луз можеа да ги слушнат под нив, на балконот. Луз седна на креветот.
63 Таа беше свежа во жешката ноќ. Луз остана во третатата смена три месеци. Со задоволство и дозволија. Кога го оперираа, таа го подготвуваше за операцијата; тие измислија шега за пријателот или за клистерот. Кога ќе го обземеше опивката, тој се трудеше да остане присебен за да не дрдори кога ќе му се замати умот.
64 Кога застана на патерици, самиот си ја мереше температурата за Луз да не мора да станува од креветот. Имаше само неколку пациенти и сите знаеја за нив. Луз им се допаѓаше на сите. Кога се враќаше низ ходниците, тој си ја замислуваше Луз во креветот. Пред да се врати на фронтот, двајцата отидоа во Дуомо и се молеа.
65 Таа му се извини и знаеше дека веројатно не ќе може да разбере, но дека еден ден можеби ќе и прости, и ќе и биде благодарен, а сосема неочекувано очекуваше да се омажи на пролет. Го сакаше како и секогаш, но сега сфати дека е само занесеност. Таа изрази надеж дека тој ќе има успешна кариера и му изрази целосна доверба.
66 И се додека не можам да му верувам нема да може да ме разочара. Се преселив во Њу Орлинс кон крајот на јануари, бидејќи не знаев ништо попаметно да направам, ако не друго барем е топло. Престојував во подрумот на едена пријателка во Портланд, спиејќи на душек на подот од собата која била на ќерка и пред да избега од дома.
67 Го сретнав Хенри исто така кога бев во потрага по стан, но решивме дека нема да можеме да живееме заедно. Неговиот газда ја продаваше куќата во која тој живееше, па организираа голема забава пред да ја напуштат. Ми рече дека треба да дојдам. А, во меѓувреме се надевав дека ќе налетам на Пит, за да имам со некој да бидам таму.
68 Тоа беше мојата цел. Не беше важно со кого. Една група по име Ламп, се подготвуваше за свирка во салонот, пивото беше во дворот. Се наведнав над ѕидот зад куќата и гледав една девојка како си игра со буренцето. Имаше уште двајца момци кои стоеја близу неа, и некоја си приватна шега се одвиваше заради цревото и бурето.
69 Мене ми звучеше како отчукување на часовник фрлен во кутија со малечки мачиња. Може да те успие ако сакаш. Погледнав кон Ејми и нејзините пријатели и се сетив дека овие работи воопшто не се забавни, како што треба да бидат. Паричка ми помина по образот и падна на земја. Уште една ме погоди по гради.
70 Погледнав назад кон трамвајот. Пит беше таму, смеејќи ми се, држејќи уште една паричка во раката, целејќи накај мене. Влегов внатре и седнав до него. Ејми и нејзините пријатели слегоа на следната станица без да погледнат кон мене. Пит и јас се возевме до внатрешноста на градот, а трамвајот брмчеше и труеше цело време.
71 Искуството од овие животни приказни, тој подоцна ќе го искористи во своите дела. Балзак си поставил за цел да се збогати или да биде славен. Бил многу самоуверен и верувал дека целиот свет ќе слушне за него. Живеел во изнајмена соба и започнал да пишува. Но, неговите први дела се со романтичарски карактер и не се многу успешни.
72 Прв негов книжевен успех е романот "Последниот Жуан во годината 1800". По успехот, доаѓа до израз неговото расипништво. Ужива во раскошот и славата, имал врски со постари дами, живеел боемски живот по кабариња и кафеани. Но, и многу работел. Знаел да се затвори дома и да работи по цел дан спиејќи само по два часа.
73 Бил речит, со смисла за хумор што го правело омилен во друштвото, а жените го обожувале. Имал љубовници низ цела Европа. Меѓу нив се истакнувала Евелина Ханска, која била мажена со човек 22 години постар од неа, била млада и образована благородничка. Таа се вљубила во него, а тој освежен од новата врска повторно многу работел.
74 Се повлекол на нејзиниот имот во Полска, веќе целосно исцрпен и болен речиси од сѐ – од срце, црн дроб, нерви, а лекарите му забраниле дури и да зборува. Последен го посетил Виктор Иго, кој го затекнал во собата со болничарка до него, помодрен и со вкочанет поглед, а жена му била во соседната соба со љубовникот.
75 Приказната е навидум едноставна: Ахав, капетан на американскиот китоловен брод Пиквод, тргнува да му се одмазди на големиот бел кит, наречен Моби Дик, кој му ја одгризал ногата, но во тој маничен лов на китот загинуваат и капетанот и целата негова посада, освен еден, Исмаил, сведокот што во прво лице ни ги раскажува собитијата.
76 Сепак, цензурата не можела да спречи нешто што било љубопитно очекувано, а подоцна и општо прифатено од публиката, особено поради силната критичка острица кон општеството и владејачкиот естаблишмент на тоа време, по која Бомарше бил препознатлив. Таквиот критички став особено бил нагласен во двете негови најпознати комедии.
77 Затоа, без разлика на изјавата на Шолохов дека "од повеќето раскази тој би се дистанцирал, кога би било можно" и дека "во нив има многу наивно и детски беспомошно", тие остануваат вистинско сведоштво за едно драматично и бурно време и за исклучителните креативни можности на еден од најголемите мајстори на книжевната уметност.
78 Нема сомнение дека неговото влијание е многу големо во развојот и подемот на руската советска литература. Сметан за голем пролетерски писател, читан и почитуван и надвор од Русија, Максим Горки спаѓа меѓу ретките автори кои од човечкото социјално дно се искачуваат до самиот врв на литературата, културата и општественото живеење.
79 Немирниот дух и желбата за авантури го тераат главниот јунак да тргне низ светот како бродски лекар. Судбината го носи во најнеобични краишта, во кои живеат џуџиња и џинови. Меѓу нив е изложен на многу тегобни, но и смешни ситуации кои откриваат дека човекот е мал или голем во зависност од околностите во кои ќе се најде.
80 Тој е многу убав, со прекрасни темни очи, темнорус, средно висок, стасит млад човек, поранешен студент по право. Студиите ги напушта поради крајната беда во која запаѓа. Облечен во партали, тој се упатува кај старата лихварка Аљона Ивановна да го заложи сребрениот часовник кој му е спомен од таткото.
81 Раскољников е убеден во својата филозофија дека сите луѓе се поделени на две групи: обични – кои го поминуваат животот во послушност, покорувајќи им се на животните околности и необични – силни луѓе, кои преминуваат преку нормите и законите, луѓе на кои им е дозволено сѐ за да ја постигнат својата цел.
82 Обичните луѓе најчесто се борат со својата сиромаштија и го носат товарот на општеството, тие настрадуваат и за најмали грешки, казнувани се и прогонувани; а на "големите" луѓе – каде за пример го дава Наполеон, им е дозволено сѐ. Тој убил илјадници луѓе, а сепак не е казнет, туку е величан како војсководец и император.
83 Ја планира патеката по која ќе оди, кога влегува кај бабата ја разгледува нејзината соба, загледува каде ги става заложените предмети итн. Но, иако го прави тоа, тој чувствува страв и извесно гнасење од сите тие мисли. Откако заминува од кај бабата влегува во кафеана да се напие пиво, што многу ретко му се случувало.
84 Бидејќи нема храброст да оди дома сам, го замолува Раскољников да дојде со него. Тој му помага, го придржува пијаниот и доаѓаат во неговиот дом, каде ги пречекува болната од туберкулоза, многу пропадната и ослабната Катерина Ивановна. Мармеладов веднаш клекнува на колена пред неа и ја чека слатката казна од жена си.
85 Таа му вика, го влече за коса, го навредува. Влегуваат и други луѓе кои ја гледаат срамната сцена, а Раскољников тивко и незабележливо се повлекува, на прозорецот им ги остава малкуте пари што му останале и си заминува. Кога стигнува дома, Настасја, прислужничката, му дава писмо што стигнало од мајка му.
86 Долгото писмо ја опишува целата историја на сестра му. Таа работела како гувернанта кај господинот Свидригајлов и неговата постара сопруга Марфа Петровна. Свидригајлов бил лош и суров човек кој сакал да има љубовна врска со Авдотја Романовна, сестрата на Раскољников. Затоа, таа била приморана да го напушти работното место.
87 За да се извини што отпрво бурно реагирала и ја избркала Дуња, таа на сите им раскажувала колку прекрасна личност е таа и на крајот ја запознава со Петар Петрович Лужин кој сакал да се ожени со некоја токму таква девојка – сиромашна и чесна. Тој бил обезбеден и надежен човек кој работел на две места и имал некаков капитал.
88 Раскољников, вознемирен од писмото, излегува надвор и бесцелно талка по улиците. Случајно, кога поминува кај Сенскиот Пазар наслушнува разговор во кој дознава дека Лизавета Ивановна, сестрата на лихварката, во седум часот ќе биде излезена. Значи, бабата ќе биде сама дома и тој ќе може да го оствари својот план.
89 Тој вели дека вреди да се убие една таква баба, но заради доброто на другите – нејзините пари да се искористат за илјадници сиромашни. Овие два знака на Раскољников му се чинат како одобрување на неговата намера. Неговото суеверие ќе го натера да верува дека сѐ се мести за да се изврши злосторството.
90 Се разбудува кога е веќе потстемнето. Набрзина, го зема предметот за заложување кој го подготвил од порано, ја прави јамката на палтото на која ќе ја закачи секирата и тргнува. Уште веднаш наидува на препрека, односно тој очекувал Наталија да биде излезена и да ја земе од кај неа секирата, но таа си работела во кујната.
91 Тој се разбеснува, продолжува понатаму и поминувајќи крај одајчето на вратарот, здогледува под неговата клупа – секира. Истрпнува, бидејќи планот сепак нема да му се изјалови, влегува и ја зема секирата. Се насочува по веќе извежбаниот пат и со мало задоцнување од планираното, стигнува до станот на бабата.
92 Таа недоверливо ја отвара вратата, но Раскољников самоуверено влегува во нејзиниот стан, убедувајќи ја да не се плаши подавајќи и го божемниот залог. Додека таа се обидува да го одвитка, тој со тапото од секирата ја удира со сета сила по глава. Таа паѓа на подот, а тој уште двапати ја удира по темето.
93 Наеднаш, му се присторува како некој да се движи во другата соба, а потоа слуша и лесен извик. Ја грабнува секирата и на среде одаја ја здогледува сестрата на Аљона, Лизавета. Тој веднаш ја крева секирата врз нејзината глава и со острицата ја расекува речиси до темето. Потоа се мие од крвта и решава да си оди.
94 Тогаш Раскољников искористува да излезе од станот, но не може да се симне по скалите бидејќи долу се слушаат многу гласови. Среќата му се насмевнува и тој здогледува отворен стан каде работеле мајстори, но во моментот немало никој. Се сокрива зад вратата и потоа успева да излезе без никој да го види.
95 Ги крие предметите што ги украл меѓу тапетите во својата соба, па се сетува дека треба да ги скрие подобро, некаде надвор. Тогаш кај него доаѓаат Настасја и вратарот кои му носат покана од полициската канцеларија. Тој малку се збунува и си помислува дека веднаш го бараат за она што го сторил минатата вечер.
96 Но, иако во треска, таму се однесува трезвено. Бил повикан да потпише изјава дека ќе го плати долгот за кирија на својата стопанка за станот во кој престојува. Во канцеларијата, полициските иследници Никодим Фомич и Иља Петрович разговараат за синоќешното убиство поради што на Раскољников му се слошува и се онесвестува.
97 Кога ќе се освести, Иља Петрович ќе го праша каде бил минатата вечер и зошто излегувал болен. Кога доаѓа дома, Раскољников се загрижува дека се сомневаат во него и дека ќе направат претрес во неговата соба, па затоа ги зема предметите и излегува надвор за да ги скрие или фрли. Ги крие под голем камен и така малку се успокојува.
98 Оди кај неговиот пријател Дмитриј Прокофич Разумихин каде се однесува многу неразумно и расеано. Бара од него нешто за работа, а кога тој му нуди преводи, Раскољников ги прифаќа, ги зема листовите и парите, тргнува, и кога доаѓа до улицата, наеднаш се враќа и му ги остава на масата без да каже збор.
99 Заминува од кај него и талка по улиците бесцелно околу шест часа, а потоа се прибира и легнува во својот кревет, речиси во бесознание. Разумихин сфаќајќи дека Раскољников е во лоша состојба, доаѓа кај него со Зосимов, студент по медицина, кој се обидува да го лекува. Дури по три дена, тој се освестува.
100 Утредента, во сопчето на Раскољников се појавува Петар Петрович Лужин, свршеникот на сестра му, како што веќе му било најавено. Таму се и Разумихин и Зосимов пред кои тој сака да се претстави во убаво светло, да им се допадне, но со своето површно знаење и додворувачко однесување постигнува спротивен ефект.
101 Раскољников го одбива. Шетајќи бесцелно, тој прво е сведок на обид за самоубиство на една жена која се фрла во каналот, а потоа е сведок на прегазувањето на Мармеладов со кочија. Кога видел кој е прегазен, Раскољников веднаш дотрчува и се обидува да помогне. Го носи дома, повикува доктор и свештеник.
102 Кога доаѓа, тој за првпат ја гледа во таква облека и со солзи на очите ја моли да му прости. Тој умира во нејзини раце, а Раскољников своите 20 рубљи и ги дава на Катарина Ивановна. Пред случката со Мармеладови, Раскољников наминува во станот на бабата, како секој злосторник кој се враќа на местото на злосторството.
103 Утредента, тие повторно се среќаваат и бараат совет од Разумихин за писмото што го добиваат од Лужин. Тој се чувствувал многу навреден од Раскољников и бара од нив братот да не присуствува на нивната средба. По ова, сите заедно одат кај Раскољников кој се чувствува многу подобро, речиси сосема оздравено.
104 Затоа Дуња решава и братот секако да присуствува на вечерашната средба на која го поканува и Разумихин. Тогаш, во сопчето влегува Соња Мармеладова која поради својата обична, сиромашна облека, не ја препознаваат. Таа доаѓа да се заблагодари за парите и да го повика Раскољников на опелото во црква и дома на за душа.
105 Отворено и храбро, Дуња ја откажува веридбата и тие речиси го исфрлаат навредениот Лужин од куќата. Тој си оди, но не може да верува, ниту да прифати дека со таа работа сѐ е завршено. Кога си заминува Лужин, сите ги зафаќа еуфорично расположение, а особено Разумихин кој неочекувано се ослободува од соперникот.
106 Таму, тој и наговестува, но не може да ја изговори исповедта. Се прашува, како таа успева и покрај гревот во кој живее, да биде толку чиста и со чиста совест. Сфаќа дека тоа го постигнува со вербата во Бога. За жал, тој не може да биде како неа. Тој не верува во Бога и од таа страна не може да очекува спасение.
107 Од таму, Родион Романович Раскољников се упатува кај Порфириј Петрович, итриот полициски иследник, за да ја потврди изјавата за заложените работи кај бабата и да го сослушаат, ако има потреба. Порфириј Петрович се однесува како да знае сѐ и како да е сигурен дека го има во раце убиецот на Аљона Ивановна.
108 Најстрашното во неговото иследување е неговиот циничен однос, неговата сигурност и неизбрзувањето. Тој сака виновникот сосема да му се открие и самиот да си го признае гревот. Но, на изненадување на сите, во тој момент во полицијата доаѓа Николај, еден од работниците во соседниот стан, кој признава дека е убиецот.
109 Кога дошол во престолнината, сакал да ја најде Дуња, но се случило да му најдат свршеница, во духот на неговиот карактер – шеснаесетгодишно девојче. Свидригајлов се среќава со Дуња во неговата соба каде ја заклучува. Тој се нуди да го спаси нејзиниот брат, да даде пари колку што е потребно, само таа да биде со него.
110 Таа не ги разбира неговите зборови, но ја разбира неговата болка и знае дека е тој завлезен во некоја безизлезна тешкотија. Кога се прибира во своето сопче, таму го дочекува сестра му, која цел ден го поминала со Соња, и која веќе сѐ знае за неговото злосторство. И таа го поттикнува да се предаде и да се ослободи од товарот.
111 Тој секоја лага и злодело ги прикрива со вишите цели, односно со црквата и Господ. Кога Оргон го брка сина си од дома, тој тоа дело го смета за полезно за црквата, кога му го дава имотот – го прифаќа од страв да не падне во лоши раце. Но, за да го задржи имотот, оди и го шпионира кај власта дека Оргон има тајни документи.
112 Тие двајцата се на истата страна – го заштитуваат лицемерот толку слепо и фанатички и затоа се носители на смешното во драмата. Таа е религиозно заслепена, против земните уживања и смета дека сите што не мислат како неа – грешат. Па, дури е навредена од туѓото поинакво мислење и затоа демонстративно ја напушта куќата.
113 Дамис е чесен и искрен и се обидува отворено да му каже на татка си дека е заведен. Дорина е посебно изграден лик преку кој се претставени широките народни маси и нивните позитивни особини: добрина, умност, трезвеност, здрав разум и критички став. Таа е многу интелигентна и веднаш ги сфаќа намерите на Тартиф.
114 Иако е слугинка, јасно, преку лесен хумор ги изнесува своите ставови. Целосно му е предадена на семејството и секогаш е тука за да помогне да се разрешат конфликтите. Особено ја поддржува Маријана, која е премногу мирна и покорна, и ѝ помага да се спротивстави на татко ѝ и да се избори за својата љубов.
115 И најблиската на Иван Илич, неговата сопруга, само глуми тага заради присуството на другите, а всушност гледа и во тие моменти да се здобие со некаква корист за себе, односно поголема пензија од мажот. Откако завршува пеењето на мртовецот, Петар Иванович се упатува да игра карти, зашто е сѐ уште рано за спиење.
116 Тој бил син на чиновник, кој имал уште двајца браќа, едниот успешен, а другиот не. Всушност Иван бил гордост на семејството, пријатен, паметен, добар, кој со леснотија учел а потоа напредувал во кариерата. Кога дошло време се оженил не размислувајќи туку само прифаќајќи го одобрувањето на околината.
117 Им се раѓаат повеќе деца, но само две, машко и женско остануваат живи. Тие добро напредувале со учењето, и сѐ било во ред со животот на Иван Илич. По 17 години мирен и спокоен живот на село, една година се издвојува како најтешка за Иван. Не го добил местото кое го посакувал во универзитетскиот град.
118 Но, се случил неочекуван пресврт и тој ја добива посакуваната плата, две места повисоко, во Петербург и останува во министерството за правосудство. Задоволен, и тој и жена му, почнуваат да живеат посреќно, се зближуваат повеќе, но сепак кога било време да оди во градот и да го среди новиот стан, тој оди сам.
119 И во таква еуфорија, еднаш се качил на скалата за да му покаже на тапетарот како сака да се драпира, се лизнал и паднал, но се задржал, а само со колкот удрил во кваката на прозорецот. Удреното го заболело, а потоа му поминало. Овој незначаен удар подоцна ќе биде центарот на неговите болки и почеток на смртта.
120 Се разочарува и од децата, бидејќи на некој начин се исти како неа, не им е ни најмалку жал за него, не сочувствуваат и иако тој умира, тие се грижат само за себе и како ќе си ја поминат вечерта. Го гледа лицемерието на пријателите и колегите, знае дека тие едвај чекаат да умре за да го зафатат неговото место.
121 Штом почнуваше тоа, чиј резултат беше сегашниот тој, Иван Илич, сѐ што изгледаше тогаш радост, сега пред очите му се топеше и се претвораше во нешто ништожно и често гадно. И колку подалеку од детството, колку поблиску до сегашноста, толку поништожни и посомнителни беа радостите. Тоа почнуваше од Правното училиште.
122 Таму имаше уште по нешто навистина убаво: таму имаше веселост, другарство, надежи. Но во погорните класови тие убави мигови беа поретки. Потоа во време на првата служба кај губернаторот, пак се појавија убави моменти: тоа беа спомени за љубов кон жена. Потоа сѐ се измеша и уште помалку остана убаво.
123 Пред крајот на животот единствена радост му причинува полниот со живот, прост и едноставен слуга Герасим. Го задржува во негова близина и без причина, само да му се насладува од животната радост што тој ја шири. Единствено кај него го нема лицемерието, преправањето, очекувањето за наследство или работно место.
124 Ја читаат различни генерации, а бидејќи поголемиот дел од опусот е екранизиран, телевизиската публика ширум светот ужива во мистериозните злосторства веќе долга низа години. Детективот Херкул Поаро, кој кај Агата Кристи се појави во 33 романи и 54 кратки раскази, е еден од најпознатите создадени литературни ликови во историјата.
125 Отсекогаш била стресен читател. Тврдеше дека многу идеи добила читајќи ги класиците, од Шекспир до Дикенс, а дури и некои детски приказни за заспивање и послужиле како идеја во некои приказни и романи. Класична работна соба која би и служела само за пишување немала. Доволлна била само стабилна столица и машина за пишување.
126 До 1930 година почнала исклучително да пишува директно на машината за пишување. Кога почнувала нова книга, првите три или четири недели ги поминувала во некој вид на агонија. Не била во состојба ништо да работи, најмалку нешто креативно. Тогаш ќе и дошла инспирацијата и едноставно седнувала и ја почнувала книгата.
127 Едноставните дијалози и вообичаениот речник во исто време овозможувале читателот да се сконцентрира на самата суштина на приказната. Така, на крајот, сите книги на Агата Кристи во суштина се напишани со ист стил, со дури сличен број на зборови во една реченица или со слична должина на самите зборови.
128 Огромна куќа во природа, широк двор со базен, храна и пијалоци во изобилство, потребен број на куќни помочнички и музика. Навидум сите услови беа исполнети за незаборавна работа. Очигледно г-ѓата Ангкател мислела на сѐ, но изгледа заборавила дека голем број од поканетите гости не се поднесуваат меѓу себе.
129 Имено еден човек покрај базенот е убиен со пиштол, кој полека тоне во водата. Навидум се работи за обично убиство, но не е сѐ така едноставно како што се чини, почнувајќи од тоа што пиштолот, кој тоне не е оној вистинскиот со кој е убиен гостинот. Полицијата истражува и се појавуваат многу докази, кои не водат никаде.
130 Секако, кралот бил тажен бидејќи неговата најмлада ќерка била негова миленичка. Неговите ќерки слушнале за договорот и му кажале да не се грижи бидејќи тие ќе се ослободат од џуџето. По една недела, ќерките пронашле ќерка на слуга и ја облекле во скапи алишта и ѝ кажале да оди со првото суштество кое ќе дојде по неа.
131 Тогаш, тој знаел дека ја има вистинската девојка и се претворил назад во џуџето од почетокот на приказната. Парот живеел среќно, сѐ додека џуџето морало да оди некаде и ѝ рекло на својата сопруга дека наскоро ќе долетаат три гулабици и таа мора да ја фати онаа во средина и да ѝ ја отсече главата инаку ќе се случи катастрофа.
132 Додека си работел, еден кројач видел низ прозорецот како поминува селанка која продавала пекмез. Тој ја повикал селанката внатре и купил малку од пекмезот. Потоа, кројачот продолжил со работата, а во меѓувреме, на пекмезот започнале да се собираат муви. Кројачот замавнал и со еден удар отепал седум муви.
133 Восхитен од своето "јунаштво", кројачот си извезол појас со натписот "седум со еден удар" и излегол да прошета. Кога стигнал на еден рид, кројачот ретнал еден џин, кој се одмарал и го прашал за дозвола да му се придружи. Џинот се посомневал во силата на кројачот, па затоа, тој му го покажал појасот.
134 Кројачот посегнал во џебот, извадил парче сирење и го стегнал, па од него бликнало вода. Потоа, џинот фрлил камен високо, а кројачот извадил од џебот врапче, го фрлил нагоре, а тоа одлетало и не се вратило назад. Џинот, мислејќи дека кројачот фрлил камен дури до небото, повторно се воодушевил од неговата сила.
135 Внатре во пештерата имало и други џинови, кои по вечерата си легнале да спијат, а кројачот се пикнал во некое крзно. Ноќта, џинот се приближил до креветот во кој требало да спие кројачот и замавнал со сета сила, цел да го убие, а потоа пак си легнал. Ноќта, кројачот избегал од пештерата и заспал во кралската градина.
136 Таму, еднорогот го напднал кројачот, но тој се скрил зад едно стебло и еднорогот се закачил со рогот на стеблото. Тогаш, кројачот го врзал еднорогот, му го пресекол рогот и го однесол кај кралот. Меѓутоа, кралот му дал на кројачот и трета задача - да го фати жив страшниот вепар што живеел во шумата.
137 Пепелашка живее тежок живот, но наспроти тоа, таа се однесува добро кон своите полусестри. Нејзината единствена утеха е посетата на гробот на нејзината мајка, каде таа засадува едно дрвце и со радост гледа како тоа расте. Еднаш, кралот приредува бал во чест на својот син, на кој е поканета и маќеата со своите ќерки.
138 Пепелашка има голема желба да оди на балот и маќеата ѝ ветува дека ќе ја поведе со себе, меѓутоа, таа ѝ истура во пепелта едно грне со леќа и на Пепелашка ѝ наредува да ги собере зрната како услов за присуството на балот. Бидејќи Пепелашка не може да ја заврши работата, нејзе ѝ помагаат гулабите и гугутките.
139 Така, Пепелашка е разочарана, но таа оди на мајкиниот гроб и го замолува дрвото да ѝ даде убава облека. Кога Пепелашка се појавува на балот, принцот игра само со неа, а сите се восхитуваат на нејзината убавина. Истовремено, маќеата и нејзините ќерки со злоба ја гледаат непознатата девојка, која го пленила принцот.
140 Така, доаѓа ред чевелот да го пробаат и ќерките на маќеата, но на едната ќерка, чевелот ѝ е мал, па мајка ѝ ја советува да го пресече прстот. Принцот, мислејќи дека таа е вистинската девојка, ја поведува дома, но кога поминува крај гробот од мајката на Пепелашка, два гулаба му ја кажуваат вистината.
141 Сепак, нејзе не може да ѝ влезе петата, а мајката ја советува да ја пресече, бидејќи така ќе постане кралица. И овојпат, минувајќи крај гробот на мајката на Пепелашка, два гулаба му ја кажуваат вистината на принцот. На крајот, кога Пепелашка го обува златниот чевел, веднаш се дознава дека таа е девојката која ја бара принцот.
142 Тогаш, кралицата посакала да роди дете кое ќе биде бело како снегот и црвено како крвта. Поради тоа, на детето му дале име Снежана. Навистина, кралицата родила убаво женско бебе, но набргу таа умрела. По една година, кралот се оженил за друга кралица, која била многу убава, но истовремено, таа била вештерка.
143 Новата кралица имала волшебно огледало, кое постојано го прашувала, кој е најубав на светот, а огледалото секогаш одговарало дека таа е најубавата. Еден ден, кога Снежана пораснала, кралицата, како по обичај, му го поставила на огледалото истото прашање, но овојпат, тоа одговорило дека Снежана е најубава на светот.
144 Обземена од завист, кралицата го викнала ловецот и му наредила да ја одведе Снежана во шумата и таму да ја убие, а како доказ да ѝ го донесе нејзиното срце. Сепак, ловецот се смилувал и ја пуштил Снежана да побегне во шумата, а наместо неа, тој убил една дива свиња чие срце го однесол како доказ за смртта на Снежана.
145 Затоа, таа се преправила во стара жена и отишла во шумата кај Снежана на која ѝ продала свилен појас. Кога Снежана сакала да го проба појасот, кралицата ја стегнала многу цврсто, така што Снежана го изгубила здивот и паднала на подот. Џуџињата се вратиле дома, ја здогледале Снежана, го пресекле појасот и таа ја повратила свеста.
146 По некое време, кралицата пак разбрала дека Снежана е жива, пак се преправила во стара жена и овојпат на Снежана ѝ продала отровен чешел, по што таа повторно се онесвестила. Сепак, и овојпат, џуџињата навреме се вратиле дома и го извлекле чешелот од косата на Снежана, така што таа ја повратила свеста.
147 Меѓутоа, кралицата ја посетила Снежана и по третпат, давајќи ѝ отровно јаболко. Кога Снежана го гризнала јаболкото, паднала на подот мртва. Овојпат, џуџињата биле немоќни да ја спасат, но восхитени од нејзината убавина, не сакале да ја закопаат во земјата, туку направиле стаклен ковчег кого го оставиле на врвот од ридот.
148 Додека неговите слуги го носеле ковчегот, тој се затресол и парчето од отровното јаболко, кое било заглавено во грлото на Снежана, испаднало по што таа оживеала. Потоа, принцот и Снежана се венчале, а на свадбата ја поканиле и лошата кралица на која ѝ обуле усвитени влечки со кои таа морала да танцува сѐ додека не паднала мртва.
149 И набргу потоа од петте јајца се видеа жолти глави. Од сите пет јајца излегоа пет убави пајчиња, но само едно јајце не беше пукнато. Во тоа јајце беше грдото пајче. Едно утро додека спиела наеднаш нешто што мрдало под неа ја разбудило. Таа била многу изненадена и веднаш се тргна од под пајчето. Кога го видела била изненадена.
150 Тоа пајче било многу грдо. Следниот ден времето беше многу убаво. Сонцето блескаше на зелените лисја и мајката патка ги зела малку патчињата надолу кон водата и скокна во неа. Едно по едно патчињата скокнаа внатре во водата со очите затворени. Тие пливаа многу убаво со своите нозе, а со нив беше и грдото пајче.
151 Подоцна мајката патка ги зела патчињата и ги однела со старите дворови на фармата за да ги запознае со една стара патка која била позната мегу сите птици. Кога стигнаа таму, нивната мајка им рече: "Мора да одите таму и да се поклоните пред старата патка". Патките го направиле тоа и старата патка била многу задоволна од нив.
152 Тој избегал претходната вечер кога не можел веќе да го поднесе тоа што му го правеле пајчињата. Додека сите пајки и пајчиња спиеле тој се искрал и тргнал по патот. Но наеднаш застанал. Пред него било едно четириножно суштество од кое грдото пајче било многу исплажено. Тоа четириножно суштество било куче.
153 Пајчето се доближило до куќата и забележало еден стол и легнал под столот. Тој мислеше дека никој нема да го види па затоа остана таму и спиеше цела ноќ. Во таа куќа живеела една стара жена заедно со нејзината мачка и една кокошка. Тоа пајчето го дознало следното утро кога се разденило и кога тие го забележале нивниот посетител.
154 Тој беше многу среќен и возбуден бидејќи повторно е во водата. Некое време тој беше многу среќен но наскоро дојде зима и снегот почна да паѓа и студот да стега. Секое утро било постудено и постудено, а патчето никогаш не било на топло. Најпосле една горчлива нок нозете не ги чувствуваше и студот го обвзема.
155 Наеднаш тој се вивна во облаците и беше во близина со едно јато птици. Во себе си рекол: "Јас ке ги следам иако сум грд. Сите ги пречекале со пријатно добредојде. Грдото пајче застанало да зборува со една патка и и рекло: "Ако треба да умрам би сакал ти да ме убиеш. Јас сум премногу грд за да живеам.
156 Потоа, преку Атлантскиот Океан, стигнуваат до Јужниот Пол. Тоа патешествие е исполнето со необични авантури, борба со разни морски животни, двобој со еден воен брод... Патување на кое сега можете да тргнете и вие. Џејн Ер е сираче кое не знае многу за своето семејство. Таа расте со братучедите на нејзината вујна.
157 Тие не ја сакаат и се однесуваат со неа дури и полошо отколку кон слугите. Кога конечно ќе се побуни, ја праќаат во училиште за сирачиња. Таму животот ѝ е ужасно тежок, но Џејн стекнува образование и богато искуство. Кога добива место како гувернанта во куќата на господинот Рочестер, таа открива искра надеж за среќа.
158 Воден од несовладливата желба за авантури, главниот јунак се качува како слеп патник на бродот чиј капетан е таткото на неговиот другар Август. Оттука почнуваат бизарните настани: затворен повеќе денови во утробата на бродот, без храна, вода и доволно воздух, сепак успева да го преживее бунтот на морнарите.
159 Тоа е време во кое царуваат предрасудите и во кои луѓето се вреднуваат врз основа на физичкиот изглед и на материјалното богатство. Госпоѓа Бенет мечтае да ги види омажени своите четири ќерки. Кога еден богат човек, господинот Бингли, ќе дојде во нивното село, таа смета дека тој би бил совршен сопруг за една од нејзините ќерки.
160 Тешко се влегува во него, но тој лесно може да биде потресен од некој навидум безначаен и случаен настан што го менува од корен. Новата љубов влетува во животот како ураган, малата болка занемарувана со години се надвисува како фантом, љубовникот на саканата жена доаѓа да нѐ потсети дека ништо не е вечно.
161 Дури и кога понекогаш малку послободно зборува за љубовта, Бокачо тоа не го прави за да ги предизвика човековите инстинкти. На преден план секогаш се неговиот ведар и праведен ум, префинетата духовитост на човекот која го сака овој свет во сета негова разновидност и убавина и кој сака да ужива во него.
162 Има мигови кога умот, заматен од голем умор или од лутина, не може да ја открие целта на дејствувањето. Но мажот и жената знаат дека мораат да продолжат во животот, макар и секој по својот пат. Учесниците во вителот на војната, мртви од умор и разочарани од неостварените идеали, знаат дека мораат и утре да бидат војници.
163 Исто како нас, кои живееме еден век по нив. Но и во ова време на висок технолошки развој малиот човек се судира со сите болки на Чеховиот јунак – изолација, самотија, неможност да се победат бариерите. Оние што се наметнати однадвор, но повеќе нашите внатрешни пречки што ни стојат на патот на личниот успех.
164 Како затишје пред бура, атмосферата е толку напнатата што и воздухот е тежок за дишење. Во секој миг се очекува вооружен конфликт. Победничката, конзервативна партија, постојано врши притисок врз либералите. Цезар Монтеро, жител на малото место, го убива Пастор, талентиран пеач и наводен љубовник на жена му.
165 Можеби и затоа се олицетворува во главниот лик Алексеј Иванович, млад учител кај еден осиромашен руски генерал кој го прокоцкува своето наследство. Кога ќе дознае дека девојката за која е готов да го даде животот навистина го сака, тој нема сили да ја исчисти душата од својот порок и да ја отвори за нов живот со неа.
166 Во воведниот пасус, Толстој дава широк и естетски совршен опис на градот Н. во кој се случува судската постапка покрената против проститутката Екатерина Маслова. Таа во придружба на неколку полициски службеници е спроведена во блискиот основен суд, каде требало да ја одбрани својата чест и невиност.
167 Освен што бил отруен, на Смељков, кој инаку бил богат трговец, му биле украдени парите и златниот прстен по неговата смрт. Освен Катерина, осомничени биле и нејзината претпоставена и соработникот Карнтинкин. Секој од нив тројца ќе раскаже сопствена верзија на настанот, но сите не звучеле еднакво убедливо.
168 Ќе оствари неколку средби со Маслова во затворот и тогаш ќе се соочи со грозоморното дело кое го сторил пред многу години. На почетокот Катерина не верувала во искреноста и добронамерноста на Нехљудов, но подоцна и самата таа се уверила во неговото вистинско покајание, па така му ги простила сторените гревови.
169 По одбивањето на жалбите од неколку пониски апелациони судови, Нехљудов со својот авторитет се заложил лично кај царот да го разгледа случајот на Маслова. И кога се чинело дека се е загубено, во рацете на Маслова пристига документ со кој се поништува судската грешка и се добива помилување лично од рускиот монарх.
170 Сепак, бил фатен на дело и затоа бил прогонет на островот Крит каде му служел на кралот Минос. По некое време му здодеало и сакал да избега. Освен да лета, друг начин да избега од островот немало. Затоа, заедно со син му Икар, почнале да собираат пердуви кои ги ределе и лепеле со восок, а во средината ги врзале со ленена врвка.
171 Тој го фрлил во царството на Хад каде го ставиле да стои во едно бистро езерце. Водата му допирала до брадата, но колку и да го измачувала жед, тој не можел да се напие. Над него имало дрво со плодови, но ако посегнел да скине, тоа се оддалечувало. Вака, покрај вода и храна тој бил измачуван со жед и глад (танталови маки).
172 Кога излегол, многу се забавувал и уживал во својот дворец. Тоа многу го разгневило Хад, го вратил во своето царство и го казнил Сизиф постојано да турка еден огромен камен од рамнината до врвот на ридот. Кога ќе го искачел ридот, каменот одеднаш му се испуштал од рацете и се сткалувал долу, назад во рамнината.
173 Тие воодушевени од неговата музика, од херојството и пожртвуваноста како љубовник и маж, се сложиле да ја пуштат, но под услов тој да не се сврти и да не види како таа оди по него. Орфеј се сложил, но на крајот од долгиот пат, раскинуван од страв, нетрпение, сомнеж и љубов се завртел да види дали таа навистина оди зад него.
174 Едип е една од најтрагичните личности во древнобалканската митологија. Тој бил син на кралот на Теба, Лај. Аполон го предупредил Лај дека ќе биде убиен од сопствениот син, па тој за да се заштити себеси, кога се родил Едип наредил да му ги прободат стапалата со шајка, да го однесат во шумата и таму да го остават.
175 Бидејќи тој со жена му немале деца, одлучиле да го задржат и одгледаат. Кога пораснал, Едип отишол во пророчиштето Делфи каде му било кажано дека му е судено да го убие татка си и да се ожени со мајка си. Кога слушнал каква страшна судбина го чека и сакајќи да ја избегне, тој засекогаш го напуштил Коринт.
176 Неговиот татко, кога се родил Парис, по сугестија на пророците наредил да се убие бебето. Пророците рекле дека Парис ќе биде причината за уривањето на Троја. Но, мајка му го потплатила убиецот, па така Парис останал жив, пасел овци и не знаел дека е принц. Значи, Зевс го избрал него да одлучи која од трите божици е најубава.
177 Тогаш секоја од божиците му понудила по нешто: Хера дека ќе го направи господар на Азија и најбогат човек на светот; Атина дека ќе го направи победник во сите битки, најубав и најпаметен човек на светот; а Афродита му ја понудила Елена, најубавата жена на светот (која тогаш му била жена на Менелај, брат на Агамемнон).
178 Кентаври биле суштества со лице и гради на човек, коњско тело и со четири коњски копита. Тие биле диви и опасни со исклучок на кентаврот Хирон кој бил познат по својата справедливост, мудрост, добрина, убавина и милост. Тој им бил воспитувач на многу полубогови и херои како: Херкул, Ахил, Тезеј, Орфеј итн.
179 Полубогови во древнобалканската митологија биле суштества родени од бог и човек. Нивните имиња се познати и денес и се симболи на некои човекови особини. Меѓу најпознатите полубогови се: Прометеј (симбол на промисленост и мудрост). Според митот за него тој им го дал огнот на луѓето бидејќи му било жал што живееле во мрак и студ.
180 Тој го украл огнот од боговите и затоа Зевс се налутил и го казнил така што го приковал на врвот од планината Кавказ. Освен тоа, морал да трпи секојдневни ужасни болки затоа што птиците му го колвале дробот кој му се обновувал преку ноќ. Таквото измачување траело долго, се додека не дошол Херкул и го спасил.
181 Но, љубопитната Пандора еден ден не можела да издржи и ја отворила кутијата. Од неа во вид на демони излегле сите зла кои оттогаш го мачат човештвото: разните грижи, илјадниците горчини, безбројните болести, кражби, лаги, јадови итн. Пандора брзо ја затворила кутијата, а од таму се слушнал уште еден нежен глас.
182 Никој не можел да се рамни со него по итрост. Благодарејќи на тоа, тој натрупал небројно богатство во Коринт и надалеку се разнесол гласот за неговите скапоцености. Еднаш Сизиф му го поткажал на речниот бог Азоп вратилиштето на Зевс, а за тоа Азоп му ветил дека ќе направи да избие извор студена вода во коринтскиот град.
183 Долу во мрачниот пекол, подземните богови на кутриот Сизиф му ја досудиле оваа казна: требало постојано да тркала еден огромен камен од рамнината до врвот на еден рид. Кога мислел дека тешкиот товар го дотуркал до врвот, огромниот камен одеднаш му се испуштал од рацете и пак се наоѓал долу, во рамнината.
184 Утнапиштим, избран од боговите и даруван со вечен живот е оној кој ќе знае за потопот, оној кој ќе изгради куќа – кораб, оној кој ќе го натовари со своето семејство, со семиња од сите видови, со стока и мали животни, со занаетчии од сите видови. Потопот е опишан катаклизмично, та од него дури и боговите се исплашиле.
185 Тогаш тој ги пушта сите од бродот. На тој начин тој ја заслужува својата бесмртност. По упорноста на Гилгамеш, Утнапиштим решава да му ја открие тајната за чудотворната тревка која дава вечна младост и вечен живот. Откако ја земал, Гилгамеш се упатил во својот град Урук за да им ја подели на сите луѓе.
186 Стигнува пред ѕидините на Урук, разочаран од бесполезниот напор што го вложил во потрага по бесмртноста, но и воодушевен од величествената градба што самиот ја направил. Всушност, тој сфаќа дека бесмртни се само човековите дела, она што човекот ќе го остави зад себе, а во случајов тоа се бедемите на неговиот град.
187 Ликот на Гилгамеш е целосно изграден. Тој е силен и бестрашен, една третина човек, две третини бог, верен пријател и другар, кој ќе се соочи со смртта и ужасно ќе се исплаши од неа. Тој е упорен, стрплив и непоколеблив во својата намера да ја пронајде бесмртноста и несебичен неа да ја подели со сите луѓе.
188 Им се спротивставува на боговите, непокорен е и бунтовен за да ја смени судбината на смртниците. Епот е напишан во десетерец (иако во препевот тоа не е запазено), а поетскиот јазик е богат со метафори, симболи и епитети. Чести се лирските обраќања во кои на непосреден начин се прикажани чувствата и размислувањата.
189 Овој текст има и книжевни вредности и доблести. Митовите не се раскажуваат со редуциран и елиптичен израз на здодевно информативно четиво, туку со суптилна стилизација на врвно наративно мајсторство. "Библиотека" на Аполодор е единствениот митографски текст зачуван од антиката, кој изворно ги пренесува митолошките содржини.
190 Пред дворецот на Едип се собираат луѓе, а свештеникот на Зевс говори во нивно име и го моли Едип да помогне и да ја спречи чумата што завладеала во градот. Бидејќи Едип, пред многу години го спасил градот од поморот решавајќи ја загатката на Сфингата, луѓето се убедени дека тој може тоа повторно да го стори.
191 Едип се разлутува и не може да поверува во таквата сторија и му кажува на Тиресиј дека тој не е никаков пророк, туку обичен глупак. И хорот е на страната на Едип, верувајќи во неговата чесност и мудрост. Ваквото пророштво Едип си го објаснува дека е наместено од страна на Креонт – за да го оцрни и тргне од престолот.
192 Наместо да го смири, оваа приказна уште повеќе го вознемирува Едипа. Тогаш тој ѝ го кажува пророштвото за себе: дека ќе го убие сопствениот татко и дека ќе се ожени за мајка си. Иако веќе почнува да чувствува дека има вистина во зборовите на пророкот, тој сепак ветува дека ќе го фати убиецот и ќе го казни.
193 Тој продолжува со истражувањето и го повикува робот за точно да му каже како умрел Лај. Кога слушнал дека не го убиле разбојници, туку еден човек, сомневањата кај Едип уште повеќе се зголемуваат. Во четвртиот чин се прикажани страдањата на Едип, сомнежите кои стануваат реалност и кои му го раскинуваат срцето.
194 Во шестиот чин сѐ завршува. Завршува животот на Јокаста која се обесила не можејќи да живее со сознанието дека била мажена со сопствениот син и со него изродила деца. Завршува среќата, надежта и иднината на Едип. Тој самиот се прогонува од Теба, а за да се казни построго – со игли си ги прободува очите, за повеќе да не гледа.
195 Сакам да бидам девојката која може да стори се. Исто така, сите мислат дека знаат се за Џек Маселин. Да, тој е секси и фраер во секоја смисла на зборот. Но, зад неговата самодоверба, тој крие тајна што мора да ја чува во себе по секоја цена. Биди шармантен. Биди проклето пресмешен. Не зближувај се со никого.
196 Црвените едвај сврзуваат крај со крај, додека со светот владеат Сребрените, воини со натчовечки моќи, способности да управуваат со огноти со водата, да владеат со природата, да предвидуваат, да исцелуваат... Мер Бероу е Црвена девојка која на почетокот верува дека тоа е еден свет кој не може никогаш да се промени.
197 Долго ќе ја паметите оваа трогателна и непоколеблива приказна за љубовта, животот и двајцата тинејџери што ќе се најдатна еден раб. Теодор Финч е опседнат со смртта. Секој ден смислува нови начини на кои би можел да се убие, но исто така секој ден истражува и успева да најде нешто што ќе го задржи овде, буден и жив.
198 Вајолет Марки живее за иднината, броејќи ги деновите до матура, кога конечно ќе може да побегне подалеку од малечкото гратче во Индијана и болката што ја измачува по смртта на сестра ѝ. Кога Финч и Вајолет ќе се сретнат на врвот на училишната камбанарија – шест ката од земјата, нејасно е кој кого спасува.
199 Сместена во дистописките Соединети Американски Држави, приказната продолжува од моментот кога повторно се појавува Алекс, првата љубов на Лена, момчето кое го сакаше, момчето кое мислеше дека е мртво. Но, веќе ништо не е исто! Пред се, самата Лена е променета. Таа сега е дел од отпорот, во средиштето на борбите.
200 Променет е и Алекс, измачуван, сигурен дека ќе умре во затворот, полн горчина и бес. Од друга страна, тука е и Џулијан, момчето кое го спаси Лена, момчето во кое штотуку почна да се вљубува. Во меѓувреме, најдобрата другарка на Лена, Хана, живее безбеден живот без љубов во Портланд, спарена со новиот градоначалник, Фред Харгров.
201 Традиционално водено од маж-поглавар, маорското племе од Вангара – чиј митски предок Паикеа дојавал на брегот на грбот од еден огромен кит – се соочува со една непредвидена неугодност: првороденото правнуче и единствен вистински наследник на веќе стариот и изнемоштен поглавар Коро е широкоокото девојче по име Каху.
202 Кризата се продлабочува кога на брегот на Вангара се насукува јато китови. Иако племето храбро се бори да ги спаси и да ги врати во океанот, тие еден по еден почнуваат да умираат. Настаните кулминираат со насукувањето на еден огромен кит со сребрена тетоважа на челото кој племето го смета за светиот кит на Паикеа.
203 Инспириран од воените искуства на таткото и роднини на авторката, Ту е потресно сведоштво за младите жртви на последната голема војна. Трагиката на овие спомени е двојна: маорските момчиња ги напуштаат своите огништа за да се борат на другата страна на светот. Во војна што, како и секогаш, не е нивна.
204 Иако израснати во Њу Џерси без татко и од строга мајка која нема четврто срце, Оскар и Лола се наследници на една историја коренито и неповратно подриена од страна на лудиот диктатор Трухиљо. Па, сепак, соочени со неизбежната трагедија на сопствените животи, тие пркосно се обидуваат од нив да извлечат убавина и љубов.
205 Долго подготвуван и уште подолго очекуван, Краткиот чудесен живот на Оскар Вао е првиот роман на популарниот, оригинален и критички уважен Џуно Диаз. Искрен и топол, трогателен и комичен, Краткиот чудесен живот на Оскар Вао е книжевен триумф, една од најдобрите книги напишани во текот на последната деценија.
206 Тука момчето за првпат ја вкусува моќта, избирајќи кои сираци ќе јадат први и кои ќе бидат испратени на физичка работа. Признат поради неговата лојалност и изострени инстинкти, Џан До им паѓа во очи на функционерите во државата. Тој напредува во хиерархијата и започнува патување од кое што нема враќање.
207 Сирените им објаснуваат на капетанот Бил и на Патче дека тие се добри морски самовили и ги канат да го посетат нивниот подводен свет, така што и самите ќе станат сирени. Патче е воодушевена од овој предлог, а капетанот Бил не сака да ја пушти да оди сама, па заедно се впуштаат во оваа неверојатна авантура.
208 Еднаш многу одамна, најмили мои... Вака почнува оваа класична збирка на прекрасни, фантастични приказни за тоа како нештата во светот станале токму такви какви што се. Во оваа книга ќе прочитате приказна за тоа како мрзливата камила си најде грпка и како со неговата голема љубопитност слонот си доби сурла.
209 Мустаќи кои преку оглас бараат нов сопственик и едно голобрадо лице кое се јавува на огласот; радијатор кој се жали на луѓето кои ја мразат зимата и едвај чека топлиот декември да му ги згрее ребрата; вест е дека една кобила му го заробила срцето на расниот коњ, а жирафата е доказ дека високата мода може да оди на четири нозе.
210 Марко е ужасно здодевен. Елизабета е извештачена, од прва категорија. Џанлука е неподнослив мрморко. Во секојдневната реалност, овие четворица не се поднесуваат. А кога се среќаваат, на училиште или на фудбалското игралиште, прават се за да се избегнат. Сепак, има едно место каде што си помагаат и се советуваат.
211 Одгледан како католик, Марек расте во антисемитско опкружување, се додека, еден ден, откако ќе им се придружи на другарите во ограбувањето на едно младо еврејско момче, не дознае од мајка си за своето еврејско потекло. Од тој миг Марек се наоѓа пред нови искушенија, а со тоа и се соочува со голема опасност.
212 Де Јонг покажува импресивен капацитет не само да се сеќава на детската ментална и емоционална географија туку и да ја проживее повторно таа внатрешна состојба. Овој талент му овозможува да го претстави патешествието на Сибрен, и физичкото и емоционалното, со една апсолутна прецизност и автентичност.
213 Таткото на Чагум, микадото (божествениот владетел на земјата Ново Јого), е оној што ја нарачал неговата смрт, па Балса станува телохранител на Чагум и поаѓа со него на едно тешко и погубно патување. Додека патуваат низ земјата Јого, тие ја откриваат мистериозната поврзаност на Чагум со еден легендарен воден дух.
214 Во овие приказни, секојдневните предмети, растенијата и животните се здобиваат со сосема нови значења, надминувајќи ја границата во светот на фантастичното и менувајќи го нашиот светоглед. Полни со непостојни нешта и невозможни заплети, духовитите приказни на Шубигер постојано го изненадуваат и го замислуваат читателот.
215 Тие играат заедно, се смеат, често се караат, прават палавштини и запаѓаат во неволи, чуваат кучиња и мачиња и, како и сите други деца, јадат многу слатки. Со нивните безвременски авантури, придружувани со многу смеа и солзи, децата од предучилишна возраст и ден-денес лесно можат да се идентификуваат.
216 Кој е човекот познат како Сабуро, таинствениот бандит кој ги ограбува богатите и им помага на сиромашните? И која е неговата врска со Јошида, грубиот и темпераментен господар на најпознатиот куклен театар во феудална Јапонија? Младиот Џиро, чирак кај Јошида, е решен да дознае, дури и по цена на сопствениот живот.
217 Кога неговиот спокоен живот во театарот ќе го нарушат банди на гладни, разбунтувани селани, Џиро станува свесен дека постојат и поважни одговорности од неговата вештина. Додека смислува како да му помогне на другар му Кинши и како да си ги пронајде родителите, Џиро наидува на една опасна и моќна тајна.
218 Ликови во текстот можат да бидат: именски зборови, супстантивизирани придавки и заменки, исто така, ликовите не мора да бидат нужно човечки суштества. Пример за ова се сказните каде што во улога на ликови се јавуваат животни, митски суштества, божества и сл. Реалистот слика типични карактери во типична средина.
219 Поимот "типични карактери" претставува замена за една класа реалистични ликови кои во теоријата на литературата се доведуваат во тесна врска со категориите предвидливост и типизираност (оваа последнава содржи класицистички признаци), додека за поимот "типична средина" се користат поимите: амбиент, локација, простор.
220 Учителствувајќи во Прилеп и во Кукуш, развиваат голема преродбенска дејност, а образованието и просветата ја шират на народен македонски јазик. Со помош на Димитрија Миладинов заминува на студии во Русија. Се школувал на духовната семинарија во Одеса каде се запознал со бугарскиот преродбеник Ѓорѓи Сава Раковски.
221 Жинзифов биле еден е од заговорниците за создавање на заеднички македонско-бугарски јазик и во непосредната своја практика, било тоа поезија или препев, ги користи своите идеи. Исто така тој бил под силно влијание на основоположникот на новата украинска литература Тарас Шевченко, чии стихови континуирано ги преведувал.
222 На страниците на ова списание ќе ги отпечати своите поетски и прозни творби, како и преводи. Тешко успевајќи да изнајде средства за својата егзистенција, водел самотнички живот. Осумнаесетте последни години од својот живот, Жинзифов ги поминува како емигрант во Русија, во постојана борба со немаштијата.
223 Внатрешните чуства на личната трагика ќе проговорат на исповеден начин низ неговата лирика исполнета со мрачни тонови. По завршувањето на универзитетот, се вработува како професор по старогрчки јазик во една од московските гимназиии. Продолжува со книжевна дејност, но воглавно со преводи и публицистичка дејност.
224 Романот започнува со легендата како настанало селото Витолиште. Многу одамна, не се знае ни кога, тројцата браќа Раде, Гале и Вито се иселиле од своето село за да побараат подобро место за живеење. Еден од браќата – Вито, се населил во една котлинка и ги удрил темелите на сегашното село Витолиште, кое по него го добило името.
225 Детаљно е опишана и внатрешноста на куќите. Тие се состоеле од една просторија која визуелно била поделена со греда на средината. Во едната половина биле сместени животните – долен крај, а другата половина била за луѓето – горен крај. Под целиот горен крај бил земникот или визбата каде се чувале важните работи и храната.
226 Горниот крај, исто така, бил поделен со греда на машки и женски кат. На средината била ископана дупка каде било сместено огништето. Во една ваква куќа во селото Витолиште живеело семејството Сукалови. Него го сочинувале: најстариот брат Стојо, жена му Митра и децата; Илко, четириесетгодишниот вдовец и најмалиот брат, Трајко.
227 Можноста за остварување на овие желби ја гледа во Илко, со кого сака да го закрпи скинатиот живот. Иако постари и во Илко и во Доста уште при првата средба се раѓа младешка љубов. Доста се сложува да оди за Илко, но под услов да не биде купена како стока, а останатите обичаи да се истераат по редот.
228 Од Рожден, Доста се сели во Витолиште, во куќата на семејството Сукалови каде е добро прифатена од сите, а особено од јатрва ѝ Митра која очекувала голема помош од новата невеста. Митра, за разлика од Доста, е примитивна, неписмена мариовска селанка, со развиено чувство за сопственост и лична корист.
229 Породилните болки започнуваат и единствена која може да ѝ помогне на Доста е нејзината јатрва. Самото породување и обичаите по раѓањето на детето се опишани во детали преку што се гледа примитивизмот и заостанатоста на мариовските селани. Породувањето се одвивало во долниот крај (во пондилата), покрај животните.
230 Доста не може да верува дека Господ ја дарувал со едно толку прекрасно суштество и со најубавото чувство на светот – да стане мајка. Според обичајот, бебето го задојува друга жена, во случајов сосетката Бојана, другарка на Доста. Следниот ден доаѓаат жените на повојница и носат нешто слатко и по нешто за бебето.
231 Се преколнувала и самата себе што не нашла сила да го убие. По неколку дена се правела крштевката. Илко отишол на пазар да ги купи сите потребни работи, а во недела наутро отишле во црква. Бебето го носел таткото, кумовите и роднините, а мајката останувала дома. Нунката го давала името на бебето – кое го крстиле Неда.
232 Во куќата на Сукаловци нетрпението меѓу јатрвите постојано растело. За време на заедничкиот живот во подробности е опишано празнувањето на Велигден. Како и денес и тогаш се вапцале јајца. Постарите оделе во црква претпладне, а помладите навечер каде играле ора и празнувале. На крајот се натпреварувале во кршкање јајца.
233 Останал имотот на Трајко кој сакале да го земат и двете. Но, Доста со својата итрина, тактичност, љубезност и убав однос, успеела да го прибобие деверот, кој решава да ја посвои Нешка и нејзе да ѝ го даде својот дел. Проблемот на раскараните јатрви браќата го решиле на мирен начин, сложно како и секогаш.
234 Тие одлучуваат Стојо, Митра и нивните деца да одат во другата куќа која ја имало семејството, а Илко, Доста, децата и деверот Трајко, да останат во старата куќа. Кога доаѓа време, Доста ги праќа двете деца во третокласното егзархиско училиште. Нешка е првото и единствено девојче кое оди на училиште.
235 Но, Доста со нејзините понапредни сфаќања знаела дека и жените треба да бидат школувани. Преку училиштето и црквата е прикажана и туѓата пропаганда која се вршела врз македонското население. На почетокот граѓанската просвета во Мариово е поврзана токму со ова училиште и појавата на големобугарската пропаганда во овој крај.
236 Додека Нешка одела на училиште се вљубила во Крсте (Крле), синот на селскиот поп, кој, исто така, се вљубил во неа. Оваа детска љубов при крајот на романот прераснува во вистинска и завршува со брак. Патот до бракот не е многу едноставен, бидејќи татко му на Крле го ветил синот за Анѓа, Биновото девојче.
237 Во сабота деверот канел од кај зетот, а братот или братучедот од кај невестата. Друг девер одел во планина по бршлен со кој се правел зелениот невестински венец. Во сабота се китела невестата од глава до петици, ја облекувала кошулата наречена "црнетата", односно поцрнување – потчинување на волјата на девојката пред мажот.
238 Според обичајот, сватовите го молат домаќинот да ги пушти да преноќат. Додека се води разговорот некој од сватовите ја турка вратата, божем на сила да влезат. Потоа, сите влегуваат во куќата каде трпезите се поставени и се честат со кафе и ракија, а кога ќе засвират гајдите започнува веселбата и ората.
239 Невестата е се уште скриена, но сега во земникот. И оваа порта како и првата е затворена. За да влезат, деверите плаќаат, а момите ги собираат парите. Кај невестата повторно плаќаат, ѝ даваат нови чевли, ѝ го ставаат венецот и ја носат кај зетот. Најпосле се оди во црква каде младенците се венчаваат.
240 Како и на сите жени, нејзина најголема желба е да има семејство и поколение, како и да му обезбеди на тоа поколение што поудобен живот. Во тој поглед таа не се разликува од јатрва ѝ Митра. И таа сака да го земе имотот на Трајко за своите деца, но тоа го прави на поубав, поитар и поинтелигентен начин.
241 Кон Доста се однесува лицемерно, но нејзината лажна љубезност набрзо ќе прерасне во отворена омраза и љубомора. Таа ѝ завидува на умешноста, ѝ завидува на породот, ѝ завидува на среќата и љубовта која Доста ја има со Илко, ѝ завидува што нејзините деца се секогаш чисти и дотерани, ѝ завидува што и двете ќе ги прати во училиште.
242 Тоа е врв на нејзината лошотија и злоба. Машките ликови не се толку изградени, но односот меѓу тројцата браќа е јасно прикажан во својата нераскинливост, почит и љубов. Без разлика колку жените се карале меѓу себе, тие не дозволуваат да се раскараат и да се разделат во кавга. Илко Сукалов е вреден, мирен и добар човек и домаќин.
243 Ги прифаќа и новите јадења кои таа ги приготвува иако не е навикнат на нив, ја прифаќа и нејзината одлука да ја прати Нешка во училиште и не се обѕира на озборувањата на селаните. Тој ја сака Доста и е среќен во нивниот заеднички живот. Многу вредно работи за да му обезбеди на семејството удобен живот.
244 Војдан Поп Георгиев – Чернодрински е првиот македонски драмски автор во чии дела прозвучи мајчиниот, македонски, јазик. Неговата заложба за почитување на македонскиот јазик ја практикувал и во театарската група. Сите негови драмски дела обработуваат теми и проблеми од секојдневниот живот на Македонците и борбата за слобода.
245 Тој со своите ставови за македонскиот идентитет и со своите залагања за организирање на востание за конечно ослободување на Македонија, здобил големи симпатии како од македонската така и од странската јавност. Војдан Поп Георгиев е роден во дебарското село Селци, во семејството на селскиот кмет и подоцнежен свештеник.
246 Под директво влијание на Младата македонска дружина и Македонскиот заговор, членовите и активистите на овие два кружока се залагале за користење на македонскиот народен говор и тој јазик го користеле во своите литературни дела. Своето образование Војдан го завршил во Србиј, а студии во Грац и во Берлин, но не ги завршил.
247 Драмата забележала голем успех и се одржале неколку репризи во Софија. По Софија, драмата се одиграла и во Пловдив. Тоа го мотивирало Војдан да се залага за формирање на македонски театар. По извршента реорганизација на екипата со која ги одржувал претставите, тие создале нова драмска екипа под името "Скрб и утеха".
248 Откако Оливер Твист дошол на свет, неговата мајка починала и со оглед на тоа што незнаеле кој е таткото, малото новороденче го примиле во сиропиталиштето. А таму, по некои нови мерки, децата биле изгладнувани и се обидувале да изнајдат начин како да добијат уште малку од кашата која ја јаделе секој ден.
249 Еднаш, Оливер собрал храброст и побарал уште малку од кашата. Кога управителот и одборот слушнале за тоа се запрепастиле, го фрлиле кутриот Оливер во тесна ќелија и го изгладнувале, мачеле... Веднаш по тоа, тие објавиле оглас во кој пишувало дека кој ќе го земе Оливер во својот дом, ќе му дадат парична награда од пет фунти.
250 Но гордоста на Оливер не му наложувала да остане таму и да ги слуша секој ден безмилосните навреди и избегал! По седум дена пешачење без вода и леб, Оливер Твист стигнал до некое мало градче по име Бернет и таму сретнал едно момче кое му понудило да појде заедно со него во Лондон ветувајки му пари и солидно живеалиште.
251 Еден сведок раскажал дека кутриот Оливер воопшто не бил виновен и откако го ослободиле, ограбениот господин Браунлоу го повел со себе во својата куќа за да го излекува. Откако оздравел, Оливер отишол во градот за да направи услуга на господинот Бранулоу и за ја врати книгата која тој во моментот на грабежот ја понесол со себе.
252 Но по патот, решава да влезе во една несекојдневна продавница исполнета со интересни работи од целиот свет. Продавачот, постар човек, му покажува парче шагринска кожа закачена на ѕидот. Старецот кажува дека на кожата има "ориенталски" натпис, за кој старецот вели дека е "санскрит", но всушност е арапски.
253 Користејќи ја љубезноста на неговите стопанки, Валентин успева да се пробие во кругот на пријатели на Фоедора. Не можејќи да го освои нејзиното срце, се претвора во мизерениот и разочаран човек најден на почетокот на "Амајлија". Дејството во "Умирање" се случува неколку години по случувањата во првата и втората глава.
254 Кога ја дознава целата вистина за кожата и дека нејзината улога во неговиот живот е пресудната, таа се стаписува. Рафаел не можејќи да ја контролира својата желба за неа причинува таа да избега во соседната соба за да му го спаси животот. Тој тропа на вратата и ѝ изјавува љубов како и желба да умре во нејзините прегратки.
255 Ги знае нив напамет секој руски ученик. Романот во стихови е жанр кој Пушкин го открил во потрагата по уметничката слобода и тежнеењето да се оддалечи од традиционалните форми на романот. Авторот на романот истовремено може да се третира и како негов главен јунак. Пушкин го пишувал и објавувал романот по поглавја.
256 Не постои поглед од никаде, постои секогаш од некаде. Од тоа некаде-дали навистина ја доживуваме личната слобода И дали го пронаоѓаме сопствениот животен простор? или можеби има траги на маски за да се заштитиме, зашто секогаш некој не загрозува. Овие прашања не се поврзани со ниту едно време, со ниту еден настан.
257 Некои растенија ги пуштаат своите корења длабоко во земјата. Се разлистуваат и го даваат својот плод. Но, зарем нивните корења се вечни? Не, ништо на овој свет не е вечно. Никој од нас ја нема предноста да биде бесмртен, да биде вечен. Ова дело е огледало на човековиот живот. Се раѓаш, живееш и умираш.
258 Некој пат не е доволно само да поседуваш имот. Многу попотребно е и да знаеш како да го поседуваш. Љубов Андреевна била една од благородничките во Русија. Сопственичка на Вишновата градина. Имот на кој пораснала, имот на кој се смеела, а и плачела. Меѓутоа животот не и бил толку многу богат колку што таа очекувала.
259 Секако, имала пари и тоа многу, но среќата ја напуштила тогаш кога и нејзиниот син ја напуштил. Сакајќи да сврти нова страница од својот живот, некаде далеку од жуборот на смртните води, сакајќи да плови на брод чиј патници ќе бидат странци за неа, сакајќи го сето ова заборавила дека и таа е капетан на свој брод.
260 Верниот капетан не го напушта бродот до својата смрт, но таа го напуштила, а тој потонал. Драмата врз себе ја носи тежината на траги - комедија. Што е што, ќе видите сами доколку ја прочитате. Но, во целата таа комедија постои личност која всушност знае дека се таму е трагично. Ања, ќерката на Андреевна.
261 Онаму каде дворјанството ќе биде големо добредојде во филмската индустрија. Ќе биде само спомен оставен како сонувалка врз перницата на некогашното руско општество. Оваа драма на многу јасен начин ги отсликува вредностите на луѓето, а притоа нѝ дава и јасен приказ на времето кое никогаш не би се и нема да се заборави.
262 И тоа ме натера да одвојам малку време и да ви кажам нешто повеќе за книгава... Кетрин и Рејчел се пријателки од деца, сродни души, неразделни, не можат една без друга. Но книгата почнува со раскажување од гледна точка на Кетрин и одеднаш сфаќаме дека таа го планира убиството на нејзината најдобра пријателка.
263 Но да се навратиме на сериските исчезнувања на децата... Рејчел веќе е црна овца поради случајот со двете загинати деца. За Кетрин одамна се шпекулира дека го изгубила умот откако ги изгубила синовите. Но која од двете поранешни најдобри пријателки е поопасна? Или можеби станува збор за некој сосема друг.
264 Судејќи според видот и карактерот на потенцијално активистичките лајт-мотиви врз кои е градено оваа дело, многумина сметаат дека Чехов можел да создаде подобро, поубаво и поинтригантно дело, со кулминација и со разврски кои водат до дното на бездната, од каде пак зрачи јад и гнев за лошо продадената душа.
265 Типичен пример за тоа е г-дин Војницки - кој е обичен граѓанин од дворјанска класа со многу пари. Елена Андреевна е обична жена со високи морали, но не доволно интелигентна. Соња - таа е мудра и паметна девојка која се заљубува во докторот Астров... Но Астров, циничен лекар, љубовта ја насочува токму кон Елена.
266 Добив шок, искрено. Шок кој е резултат на наидување на сосема поразличен стил од сето досега прочитано. "Достигнувајќи се себеси, премина во трпезаријата..." Ментално доживување, преминување во натсетилното, а сепак чувствуваш дека си овде. Достигнување на идеалот, а сѐ уште знаеш дека си смртен и грешен.
267 Сеќавањето како единствен доказ дека некогаш човекот постоел. Набоков е синеастезија на чувствата, симетрија на доживувањето, оргазам на емоционалното. Те закопува длабоко в земја и те вивнува некаде во лавиринтите на невидливото. Те прави да се чувствуваш изгнаник на тлото под кое газиш... И воопшто не ти е криво за тоа.
268 Посакуваш да бидеш убиен од зборот на Набоков... И биваш убиен и повторно оживеан. Сѐ така до бескрај. Зашто тој е бескрајот. Чита букви и гледа светлина; слуша музика и пред него гледа сито од бои. Каква благодат е тоа! Малкумина се оние што доживуваат синеастезија – мешање на перцепции од повеќе сетила.
269 Набоков може да ви ја распари душата, да доживеете душевно раскинување и повторно закрпување; може да ви приреди шок (исто како мене), може да ве разнежни, може да ве растажи. И тоа само во една секунда! Човекот умее да си поигрува со човечките психосоматски таинствености. Сите ги имаме, само некои вешто ги сокриваат.
270 Пред напишаното од Набоков, душата ни се отвора и сите сме исти. Стилот на Набоков е оригинален, тој не умее да пишува со техники како повеќето постмодерни автори. Изобилува со метафори, халуцинации, фикции... Тоа е благодарение на неговата дарба од Бога, неговото мешање на сетила, неговата фасцинантна синеастезија.
271 Како главен претставник на првите е всушност самиот главен лик Евгениј Бозаров, а Павел Петрович "човекот со предобро срце" како што вели неговиот сакан внук Аркадиј го заштитува сѐ она што се подразбира под поимот аристократија и традиционални вредности. Тие два ликови уште на почетокот влегуваат во судир.
272 Ликови кои го убиваат човечкото во себе, па дури и Божјото семе кое Апсолутот го посеал во секое живо суштество. Достоевски во овој политичко-философски роман како да ги најавува размислувањата и одговорите за своите "проклети" измачувачки прашања кои најмаестрално ќе ги изнесе во својата последна книга "Браќата Карамазови".
273 Верховенски во еден дел концизно ја изјаснува неговата идеја за новото уредување кога вели дека сѐ треба од темел да се сруши и одново да се изгради, алудирајќи на детронизирањето на рускиот цар и новото бескласно општество контолирано од партијата кое ќе ги затвора и убива противниците на новиот режим.
274 Достоевски на тој начин го антиципира и најавува комунизмот како големо зло кое се заканува да ја голтне Русија во секоја смисла на зборот. Ставрогин не го зазема местото на лидер бидејќи и самиот не знае што сака во животот кој го поминува крајно развратно, измачувајќи се себеси и не наоѓајќи задоволство во ништо.
275 Верувам дека да, а за оние кои што малку ја подзаборавиле содржината, ќе се потсетат преку статијава. Се разбира, ова е дело на Видое Подгорец, кој постигна голем успех кај младите читатели, токму со оваа книга. Дејството се врти околу едно младо момче кое било напуштено за време на војната од своите родители.
276 Иако момчето се викало Турано и немало речиси никаква врска со Циганите, сепак тоа ги почитувало нивните обичаи и научило како да преживее, плетејќи кошници, кои потоа ќе ги продава каде ќе стигне. Иако не бил еден од нив, сепак тој ги сакал Циганите и не им судел ниту по бојата на кожата, ниту пак по карактерот што го имале.
277 Живеејќи заедно со Циганите, иако немал луксуз и живот на висока нога, сепак тој имал се - храна, покрив на главата и пред се љубов и заштита. Сите нив ги сметал за свое семејство. Негов старател бил еден од најстарите Цигани, Баба Мулон, кој го одгледал како свое дете и му помогнал да стане добар, вреден и умен човек.
278 Приремајќи се за опишување на историските настани, Толстој ја проучил целата литература од тоа време, запишувал зборови од учесници и посетувал места кои подоцна ги опишува во својот роман. Од тоа време тој изведува некои заклучоци, на чиј темел изградил ново сфаќање за историјата, кое подоцна го објавил во неговото дело.
279 А под слободен човек се подразбира оној кој не подлежи на војничките правила, а сепак во текот на војувањето покажува исклучителни вештини и храброст. Тоа е и единствената особеност на Козаците, кои како војнички род се формирале од протераните кметови во царска Русија, особено кога Татарите ја уништиле Киевската држава.
280 Но на тоа Сталин иронично му одговарал "Зарем толку многу Ви здодеавме?". Авторот се чувствувал како жив закопан во родната земја и никогаш не успеал да стане славен додека бил жив. Славата ја стекнал постхумно, откако починал од вродена маана на бубрезите. Ова е едно од најубавите кратки новели коишто некогаш сум ги прочитала.
281 Јас до него. Сонот не смееше да ги допре моите очи. Тој без зборови и без волја, се чинеше, ја почитуваше светоста на ноќното бдеење. Ми беше мошне слатко да седам до него, да го гледам. Веќе две ноќи си се обраќавме на "ти". Колку поблизок ми стана по тоа! Тој седеше сиот таков кроток, тивок, покорен.
282 Решив да заспијам дома. О, колку расипана, колку подла беше таа ноќ со мојот презирен сон! Лошо спиев, без оглед на тоа што цела недела ја минав без сон. Ме мачеа мислите за него. Ми се прикажуваше како да ме моли, како да ме прекорува. Го видов со очите на душата. Следниот ден наутро поитав и одев накај него како злосторник.
283 Тогаш неговите зборови беа она што се. Што ќе дадев тогаш, кави ли не земски блага, презирни, подли, одвратни блага, не! за нив не вреди за се зборува! Тебе, што ти се нашле, ако воопшто се најдат, в раце овие нестројни слаби редови, бледи искази на моите чувства, ти ќе ме сфатиш. Инаку нема да ти се најдат в раце.
284 Не сакаше и речиси не легнуваше в постела. Тој си ја претпочиташе својата фотелја и својата седечка положба. Таа ноќ, лекарот му рече да одмори. Се поткрена невнимателно и, потпирајќи се на мене, одеше кон својата постела. Душичка моја! Неговиот изморен поглед, неговиот топол шарен редингот, неговиот спор чекор.
285 Но, колкава е нивната посветенот и дали навистина прават се за луѓето околу нив, ќе се провери со "тестот" кој ќе им биде даден. Имено, во градот се јавуваат гласини дека ќе дојде ревизор од големиот град, за да ја провери нивната работа и пожртвованост. Но, комедијата не би била комедија ако не се заплеткаат работите.
286 Сево ова покажува дека градоначалникот и неговите соработници, не се грижат за ништо и живеат само за да бидат најадени и одморени - со еден збор за земните задоволства. Најпосле доаѓа долгоочекуваниот ревизор, по име Хлестаков, кој инаку не е вистинскиот ревизор кој се очекува, па настанува низа од нејаснотии.
287 Тој е еден обичен човек кој се нашол во погрешен момент, на погрешно место. Сфаќа дека му е доделена улогата ревизор и ужива во неа. Им бара пари на луѓето, им ги решава проблемите и врши се како што доликува на професијата ревизор. Посегнува по сопругата и ќерката на градоначалникот, лажејќи ги и двете дека ги сака.
288 Ќе оставам на вас сами да дознаете што се случува на крајот со овие празноглавци. Гогољ дал еден прекрасен пример за тоа какво е човештвото, за што се стреми и како функционира човечкиот ум. Критикуван е од низа полемичари кои сметаат дека е суров кон тогашното отштеството и дека го претставил човекот само во негативни светла.
289 Имено, во тоа време на планината Урал се крева селанското востание на чело со страшниот и тврдоглав донски Козак - Емилијан Пугачов. Во романот се забележува одличното познавање на писателот за бунтот на Козакот кој се претставува лажно како убиениот цар и му пркоси на Зимскиот дворец од кој владее Екатерина.
290 Годините поминати во неуспешни обиди да се зачне и роди дете имаат скршено многу повеќе од срцето на Енџи Де Сариа. Таа и нејзиниот сопруг веќе не можат да се борат со болката ни со заеднички сили, па по болниот развод, Енџи се преселува во родното гратче и го презема управувањето на нивниот семеен ресторан.
291 Тие брзо се поврзуваат и кога мајката на Лорен одеднаш ја напушта, Енџи му нуди кров над глава на девојчето. Но ништо не може да ја подготви Енџи за реперкусиите од овој акт на љубезност. Заедно, двете жени – едната што копнее за дете и другата што копнее за мајчинска љубов – животот ги тестира како никогаш претходно.
292 Начинот на кој Достоевски одблизу ја насликува бедата на сиромашните низ зборови, нам блиски, а сепак толку волшебни, е неприкосновен! Карактерите се зрело изградени, носители на бедата која им ги загорчува животите, а против која како индивидуалци е невозмоно да се борат, освен за сметка на сопствената среќа.
293 Благодарејќи на познатото потекло и своето образование, тој со текот на времето успева да стекне углед меѓу богатите и добро ситуирани сограѓани. Станува судија, се жени со убава и добра девојка и имаат две деца. Неговиот живот е совршен, има добра работа и одличен рејтинг, круг блиски пријатели и нормално семејство.
294 Дали падот од скалите е причина за неговата состојба или пак некој душевен товар е причина за неговата срозеност? Станува неподнослив, го нервираат сите неспособни лекари како што ги нарекува, во еден збор станува хипохондрик и почнува да ја сфаќа смислата на животот, сега, кога е на работ од смртта.
295 Домашните не знаат што се случува со него, му нудат различен вид помош која тој ја одбива цинично и гротескно. Изморен е од се, од болеста што го напаѓа, од секојдневната борба за живот и од лекарските совети. Прекрасен пример кој зборува за смислата на животот, за сите убави работи што ги нуди: семејство, љубов, среќа.
296 Но, дали Милан навистина не ја љуби? Или има некој друг вмешан во сета приказна? Девојката чии соништа се скршени ќе остане да се бори со животот, кој ѝ приредува нови и нови изненадувања. Книга која целосно Ве внесува во дејството, која Ве припива за ликовите - книга на која многумина ќе заплакаат на крајот.
297 Во полицијата има анонимна дојава за бомба во американската резиденција во Осло. Целата полиција е ангажирана таму. Во центарот на Осло се случува грабеж на банка. Вработената зад шалтерот ја држат како заложник со пиштолот вперен во главата. Управникот на филијалата има рок од дваесет и пет секунди да го испразни сефот.
298 Целта беа парите или мотивот е сосема поинаков? Полицијата го вика напомош кралот на крадците, Раскол Баксет, циганин со потекло од Балканот, кој лежи во затвор во Осло откако самиот се предал за многубројните пљачки на банки. Вереницата на Хари се наоѓа во Москва да го реши старателството над синот.
299 Чудесен пресврт, од едноставен, мирен студент, со сталожен живот и навики, во заљубен, налудничав, намерен скитник, кој енергично и неуморно трага по новиот ветен свет кој му се открива во прочитаната книга. За него автобусите низ Турција се авантура, патувањата – зависност, животот – пречка за посакуваната средба со Ангелот.
300 Но, никој не знае колку се чувствуваат сами во проклетата гунгула... Па, така и нашиот Јаромил е во постојана трка со самиот себе – се претекнува, но за перце, се испушта. Моменти на комедија, трагика и поезија ни нуди овој роман. Кундера е мевлем за сите поети по душа, љубители на убавото, почитувачи на идеализмот.
301 Но само така ќе постојат оние кои ја возвишуваат. Канцониерот од Петрарка е нешто што секој треба да го прочита. И не трудете се да ги издвоите најубавите стихови, зашто нема да успеете. Секој стих, секој збор ќе ви се вреже во срцето и таму ќе остане на начин на кој останала Лаура во поетското срце на Петрарка.
302 Кој е тој народен непријател? Секако, во секое општество е присутен, без разлика на поредокот. Но, зарем тој народен непријател да биде човекот кој сака да придонесе добро на своите сограѓани? Добро во вистинска смисла на зборот. Почиста и поздрава околина, отстранувајќи ги причините за секое загадување.
303 Но тоа не може да го оствари сам. Така го убедуваат луѓето кои камуфлирано се борат за околината, а всушност ја злоупотребуваат. Томас Стокман е признаен доктор во мало гратче во Норвешка. Работејќи на проектот за градење воден насип, сака да помогне колку што е можно повеќе за подобрување на животот на граѓаните.
304 Работи и живее мирно, без поголеми стремежи за нечесно заработување и збогатување. Знае какви игри се водат во целото околиско функционерство на чие чело стои неговиот алчен брат. Сакајќи да ја извади на површина вистинската состојба и да придонесе за подобар живот, тој пропаѓа во сопствената искреност.
305 Зарем станавме толку сурови не прифаќајќи ја нашата положба во едно релативно општество? Зарем нашите битија постојано мора да се соочуваат со крутоста која извира единствено од нас и за нашето пропаѓање? Секое излагање на Ибзеновиот лик – Стокман, ја пара нашата душа и постојано нѐ судира со реалноста, каква-таква.
306 Таа е важна жена за шпанската историја. Жена која не се плашела да се побуни против политичкиот режим, која сакала да направи разлика. Лорка во драмата ја заглавува помеѓу двајца моќни мажи - Педрос и дон Педро. Едниот диктатор, другиот револуционер. Едниот таа го презира со сета душа, а за другиот би го дала животот.
307 Ја става во многу лоша ситуација - или да ги предаде нејзините пријатели, или да умре. Маријана цело време знае што треба да направи. Но, кога ќе почнаат да ја напуштаат најблиските, дали таа ќе продолжи да ги штити? Маријана Пинеда е пример за достоинство, храброст и непоколебливост. Некој кој гордо стои до последниот момент.
308 Притоа покажува дека нема слобода (човекот не може целосно да биде слободен), туку самото реализирање на желбата е возможно единствено, преку едно бегство низ многуте излези за да не се биде одбележан, покорен и подведен под норма, притоа кој од мноштвото на излези да го одберите нема да биде погрешен.
309 Мајка! Да се биде мајка е најубавото истовремено и најтешкото чувство кое една жена може да го носи на својот грб. Дефинитивно нема повозвишено чувство од онаа среќа која се јавува во душата на мајката кога го гледа своето чедо-својот ангел. Па се чуди како досега можела да живее без него, пред неговото постоење.
310 Се чувствува казнета на овој свет, најсурово измачувана, камшикувана до бесвест, но пак силна, жилава, издржлива, борбена како лавица се со цел да му помогне на своето дете во тешката борба помеѓу неговиот краток свет живот и острите грабливи канџи на смртта која се стрви секој момент над неговата мала уморна глава.
311 Матеј е мало дете со лице на ангел. Неговот доаѓање уште од самиот почетоке започнување на една долга и макотрпна голгота. Ставена пред голема и тешка одлука, мајката ќе мора да одлучи дали да го прекине неговото доаѓање, т.е да абортира, или заедно, прегрнати, рака за рака фатени да го изодат патот на голготата.
312 Како што животот ѝ носи радости и тага, таа се повеќе се затвора во имагинарниот свет кој сама го креира. Таму таа ја има моќта да управува, да се сокрие зад животите и идентитетот на нејзините ликови. Трагањето по среќата носи ненадеен пресврт во нејзиниот живот после што веќе ништо нема да биде исто.
313 Ова се приказни раскажани од жени. Но, не се и приказни за задоволни жени. Тоа е нешто што авторката, Румена Бужаровска, го нагласува при опишувањето на оваа книга. Овие жени живеат навидум исполнети животи со своите сопрузи, деца, родители. Сепак тоа е само нешто во кое тие сакаат да веруваат. Реалноста е сосема спротивна.
314 Румена Бужаровска во оваа книга на многу успешен начин ни прикажува ликови во кои лесно можеме да се пронајдеме себеси и да ги препознаеме луѓето околу нас, како мажите, така и жените. Таа е еден вид огледало на душата и колку и да се обидуваме да го негираме тоа што го гледаме, тоа сепак е тука и постои.
315 Ќе ја видиме и најболната точка во животот на Адолфина, работ на лудилото поради несреќната љубов, долгите разговори со нејзината пријателка Клара, која во најтешкото време успева да се бори и да стои цврсто на нозе додека сите ја газат поради нејзините напори да ги наметне правата на жените во општеството.
316 Мими се сомнева во неговото инсистирање да се гледаат, но никако не може да претпостави до каде ќе стигне со него. При една "случајна" средба тој на многу вешт начин ја наговара да го посети неговиот дом и тука започнува целата приказна и голгота со која малолетната и неискусна Мими треба да се соочи.
317 Авторот брзо и возбудливо го ниша читателот во својата наративна лулашка. Поетиката на книгава ја напушта навидум наивната и засмејувачка атмосфера на дебитанското дело на Јолдески, но ги чува искреноста и автентичкоста и нѐ носи кон едни поинакви магливи брегови, каде што секој си има свое езеро...
318 Нивните разговори се чудни, би рекол и динамични, зашто некако пребрзо ја менуваат темата. Всушност тие се само двајца странци, кои се пронашле на социјалната мрежа и решиле да воспостават комуникација. Тие комуницираат и без слики, што значи дека и двајцата не знаат како изгледа лицето на другата страна.
319 Се израдував кога пред очи ми излезе оваа - Богови и херои во грчката и римската митологија, напишана на оригинално на српски од Ива Новак, а преведена кај нас од Младинска Книга. Јас многу сакам да читам за митски суштества, боговите, различните божества и нивните неверојатни подвизи. Затоа и ја купив.
320 Се раскажува за нивните симболи и особености, карактеристично животно, растение, светилиште, местата на кои се славеле, областите на дејствување и нивните роднински врски. Чудни се нивните поврзаности, некому жената му е сестра, некому мајка, некому таткото му е и стрико, а некому најлош непријател.
321 Но Умберто Еко како да дава објаснување и оправдување за овој негов потфат да напише книга во која јасно ќе покаже како настануваат и како настанале светските заговори (Протоколите на сионските мудреци), потенцирајќи притоа дека се служи со валидни и точни историски податоци, а не со фантазија и сензација како Ден Браун.
322 Сите настани и личности се вистинити (имено се појавуваат доста познати ликови како Сигмунд Фројд, австрискиот лекар, се споменува писателот Виктор Иго и други) и познати на историјата, со исклучок на главниот лик капетанот Симоне Симонини, пиемонтиец, антисемитист, голем љубител на храната, на фалсификувањето и интригите.
323 Многу од митовите нѐ учат на морал и човечко достоинство, на лојалност, смелост, ентузијазам кога сме исправени пред, навидум, непремостливи тешкотии. Некои од митовите нѐ учат и нѝ даваат мотив за упорност и сила никогаш да не се откажуваме. А добар дел од нив се едноставни забавни и интересни како приказни за читање.
324 Митови од целиот свет на читателот му нуди вистинска ризница од преданија кои биле прераскажувани од колено на колено со стотици и илјада години. Една од причините поради кои ми се допаѓа оваа книга е секако тоа што сакам митови... Сакам убави приказни кои те тераат да веруваш дека апсолутно сѐ е можно.
325 Живее со вујко му и братучед му. Неговата мајка го оставила таму уште кога бил бебе. Тој не знае кој е и од каде доаѓа. Но, еден ден сѐ ќе се смени. Штом ќе пронајде еден измазнет камен во шумата, животот на Ерагон се менува. Тој станува Јавач на змејови, бидејќи мистериозниот камен е всушност јајце од змеј.
326 Првиот дел од една прекрасна триологија, во која Паолини не подучува за тоа како треба да му пријдеме на животот и дека нашите судбни не секогаш се различни од оние на некои други луѓе во други светови. Дека сите нас не поврзува една заедничка нишка. Желбата да знаеме кои сме, од каде сме и која е нашата вистинска судбина.
327 Го гледав и филмот и морам само да признаам дека очекував малку повеќе, но тоа сум сепак јас, верувам дека оние кои сакаат ваков тип на книги, ќе имаат доста интересно време со оваа книга или филм. Возбудлива приказна за човек кој си ја продава душата во замена за вечната младост. Не, не е Шагринска кожа.
328 Прифаќајќи еден нов вид хедонизам кој на прво место ја става телесната убавина, Доријан Греј посакува да остане вечно млад. Тој се откажува од сите вредности и желби на обичниот човек со една цел, да ја задржи својата младост и својата убавина. Желбата му се исполнува, но го вовлекува во серија развратни постапки.
329 Секој сторен грев го нагрдува некогаш насликаното младо и убаво лице, го закитува со нова сурова црта на усните, со нова брчка на челото. Но доаѓа ден кога се појавува црвот на сомнението, потребата за соочување со себе. Доријан Греј ќе собере храброст да се извлече од канџите на себезалажувањето и да ја фрли маската.
330 Доријан Греј, е повеќе од занимлива новела, која не завршува среќно, но сепак има во одредена мера убав крај проткаен со префинети англиски досетки. Секој кој ја прочитал оваа книга, ќе забележи дека повеќе наликува на драма отколку на новела. Оскар Вајлд не е опседнат со детални описи на околината.
331 Епиграмите на Лорд Хенри се расфрлаат како сатирични стрели кон сите слоеви на општеството. Жените, Америка, верноста, глупоста, бракот, романсата, хуманизмот, и времето, се само неколку од темите подложни на критиката на Оскар Вајлд, кои читателот ги добива преку остриот но сладок збор на Лорд Хенри.
332 Опишува сцени преку зборови кои провоцираат нагласена слика во умот на читателот. Можеби меѓу најдобрите е Доријанова кратка прошетка по темните и валкани улици, што претставува апсолутен контраст на неговата луксузна појава, но која исто така претставува, неверојатна сличност со начинот на живот кој тој одбрал да го живее.
333 Речиси целата завера се врти околу Доријан, Лорд Хенри и уметникот Бејзил. Описот и мотивите на карактерите, се повторно оставени воглавно на перцептивните капацитети на читачот. Вајлд постојано ја тестира естетиката на неговите читачи, и колку полесно се претопувате во карактерите, толку подлабока слика добивате.
334 Тоа е свеста за сопственоста на убавината, неговото лично богатство, што го повлекува нераскинливиот страв од исчезнувањето – страв кој ја причинува неговата пропаст. Доријановата борба против минливата природа на неговата убавина, е прикажана како вистинскиот непријател на самиот лик и личноста во принцип.
335 Ова се размислувањата на главниот лик во овој роман на Антон Павлович Чехов - Вања Лаевски, откако дознава дека мажот на неговата љубовница, со која што избегал од Питерсбург, во Кавказ, починал. Тој е оној кој треба да ѝ ја соопшти оваа вест на Надежда Фјодоровна, неговата љубовница, со која што започнал нов живот.
336 Меѓутоа, новиот живот не е воопшто таков како што Вања го испланирал. Со доаѓањето во Кавказ, тој почнува да пие и да игра карти, а Надежда почнува да има други љубовни афери. Тие не се кријат од општеството и покрај тоа што се осудувани за нивната врска, дури и непожелни на некои места и во некои фамилии.
337 И покрај љубовта, што на почетокот ја чувствува кон Надежда, по извесно време во него се создава сомнеж, и тој повторно е подготвен да избега од таму каде што е, но овој пат без неговата љубовница. Ова се должи како на премислувањето во однос на љубовта кон Надежда, така и на долговите во кои е западнат.
338 Таквите субјекти како што е тој, навидум интелигентни, по малку воспитани и што говорат за сопствената благодарност, умеат да се претставуваат како необично сложени природи. Но, доаѓа крајот и на ова, кога еден излив на Лаевски води кон двобој со Фон Корен, кој што го учи Лаевски една добра лекција.
339 Овде тој опишува едно "кротко" самоубиство, кое продолжува да ве следи долго време откако ќе го прочитате. Тоа е приказна за кротката душа која себеси се уништила, измачувајќи се со неможноста за создавање на подлабока врска со својот маж кој љубовта ја разбира со формулата "или доминација, или поднесување".
340 И додека двојникот се обидува да го оцрни неговото име, угледот и репутацијата што ја има во градот, вие доаѓате до последните страници во книгата кои пред вас во последен момент ви откриваат една поинаква перспектива на настаните, приказна раскажана од сосем друг агол. Ова е уште едно одлично дело на маестралниот Достоевски.
341 Секој од неговите ликови му станува близок на читателот поради начинот на кој тој ги пресликува нивните мисли и чувства. Вистинскиот подарок на Достоевски за многу следни генерации се неговите ликови: секој различен и прекрасен, тешко е да се опишат, но низ читањето секако ќе ги почувствувате психолошките разлики меѓу нив.
342 Самиот почеток на оваа книга, со приказната за чудниот старец и неговиот Азорка е доволен за да ве трогне и како магнет да ве привлече за неа се додека не ја прочитате и последната реченица. Но најтрогателно е измачувањето на еден добар татко, кој е растргнат помеѓу љубовта кон својата ќерка и понижувањето која таа му го нанесе.
343 Тој бил бестрашен истражувач како на најголемите висини на човечкиот дух, така и на најголемите бездни на сознанието на личноста. Како што забележал Борхес, книгата во себе треба да ја содржи и својата антикнига. И навистина, творештвото на Достоевски претставува една величествена книга во која е присутна и нејзината антикнига.
344 А за совеста на овој грандиозен писател можеме да ги повториме зборовите на Донин: "Веројатно во светот досега немало толку моќна совест." Достоевски е еден од авторите-мислители кој како да има одговор на клучните филозофски и морални прашања на денешницата. Но, тоа всушност е одговор кој е составен од низа потпрашања.
345 Можеби токму затоа во овој роман провејува толкав гнев, најмногу преку ликот на Иполит. Кнезот Мишкин е епилептичар, како што бил и самиот Достоевски, и страда од постојани напади, иако се лекувал во Швајцарија. Него авторот го претставува како бескрајно добар и детски наивен, со што заслужил другите да го нарекуваат идиот.
346 Тој е синтеза на најпозитивните човечки карактеристики, со таквите својства се оцртува како лик спротивставен на револуционерно настроената руска младина. Во "Идиот" повеќе отколку во сите негови дела, е претставена трагичната и невозможна љубов, која е невозможна само поради тоа што самите ликови прават да биде таква.
347 Друга израз кој Тургенев создаде е "Тургеневската девојка", со кој луѓето сега нарекуваат еден поспана и меланхолична девојка - но во реалноста терминот значи многу морална, храбра и паметна млада жена која е умствено многу посилна од маж. Тургенев главно пишува за проблемите на благородничките семејства и декаденцијата.

Связаться
Выделить
Выделите фрагменты страницы, относящиеся к вашему сообщению
Скрыть сведения
Скрыть всю личную информацию
Отмена