[{{mminutes}}:{{sseconds}}] X
Пользователь приглашает вас присоединиться к открытой игре игре с друзьями .
Црвено и зелено
(0)       Используют 4 человека

Комментарии

Ни одного комментария.
Написать тут
Описание:
рассказ на македонском языке. Автор: Стаматов А.
Автор:
Велимира
Создан:
19 декабря 2021 в 04:59
Публичный:
Нет
Тип словаря:
Книга
Последовательные отрывки из загруженного файла.
Содержание:
20 отрывков, 9012 символов
1 Долж реката се простираше зелена површина со дрва и патеки за пешаци и велосипеди и по некои клупи за седење расфрлани покрај патеките. Сем го остави велосипедот до една клупа, ја избриша водата со раката која што, пак, ја избриша од фармерките и седна на неа, а ранецот го стави веднаш до него. Извади од него виски, пиво и цигари. Седеше со поглед кон реката и зградите од нејзината друга страна. Зад него се издигнуваше висок ѕид кој го штитеше градот во случај на поплави за време на тајфуни.
2 Стави слушалки на ушите и пушти музика. Почна малку да мрда со главата во ритамот на музиката и полека пиеше од пивото. Беше околу полноќ. Издигнатите светилки покрај патеките ја осветлуваа целата површина меѓу реката и ѕидот. Немаше никој. Од време на време ќе поминеше некој ноќен велосипедист.
Извади една цигара од кутијата и со раката брзо посегна по запалката во џебот, но кога ја стави внатре наеднаш застана.
3 Полека ја извади раката и покрај запалката ја извади и амајлијата. Ја запали цигарата и продолжи да гледа во неа. Одеднаш му се појавија сеќавања од убавите моменти со Дорис и од нивните планови за иднината. А исто така, се сети и на кавгата што ја имаа тој ден. Додека гледаше така замислено во амајлијата, црвената и зелената боја почнаа некако да се прелеваат една во друга. Му изгледаше како едната боја да навлегува во другата истиснувајќи ја на местото кај што била претходната.
4 Ги истри очите со прстите и ја крена главата. Во далечината од неговата лева страна забележа човечка силуета која се движеше во негов правец. Не одеше многу брзо. Изгледаше како некој што излегол да се прошета. Како што наближуваше, Сем забележа, по начинот на одењето и телесната градба дека беше странец. Тоа малку го изненади и го заинтересира да види дали е некој што го знае. Пушеше и голташе од алкохолот без да го сврти погледот.
5 Кога беше поблиску, му се виде како да го познава човекот. Како што се приближуваше, стануваше сè посигурен во тоа. Ги спушти слушалките од ушите. Му изгледаше како да оди токму накај него. Кога човекот беше на околу десет метри од клупата, Сем почувствува дека тој го гледа право во очите и дека всушност навистина оди кон него. Човекот ги успори чекорите, а Сем зина со устата и зачудено гледаше во пешакот и веќе беше сигурен дека го знае.
6 Наеднаш, на свое запрепастување се виде себе си во него. Како да му беше брат близнак. Застана на неколку чекори од клупата. Носеше темно виолетова кошула со долги ракави, тесни темни панталони и патики.
– Може да седнам? – праша двојникот.
Сем наеднаш скокна од клупата и направи два чекора наназад без да го тргне погледот од него.
– Кој си бе ти? – праша грубо. – Зошто личиш на мене? Да не си ми некој брат за кого не сум знаел дека постои?
7 – Полека Сем, сè ќе ти објаснам, само да седнам прво.
Се доближи до клупата и седна на местото кај што седеше Сем. Ја прекрсти левата нога преку десната, извади цигари од џебот, ја подаде кутијата кон Сем и рече:
– Сакаш?
Сем стоеше со подотворена уста и не проговори ништо. Меѓу прстите сè уште гореше цигарата што ја запали претходно. Ја принесе кон усните и повлече дим.
– А! Гледам си имал – рече двојникот и си запали цигара.
8 Ја стави кутијата цигари во џеб, погледна кон ранецот, вискито и пивото на клупата. Се поднасмевна.
– Слушај – рече – всушност нема што многу да ти објаснувам. Јас сум ти, дојден од иднината. Дојден сум од три години после денес. И сакам да ти кажам дека три години од сега јас имам, односно, ти ќе имаш пицерија.
– Навистина?!
– Да.
– А бе ти дојде овде да ме зафркаваш. Ај оди си да не те гледам тука.
9 – Не, дојдов да ти кажам дека претеруваш малку. Не ме гледај така, туку види се самиот. Се шеташ низ градот со искинати алишта. Си се видел ли на што личиш. Веќе не се ни бањаш редовно. А и Дорис ќе те откачи уште малце.
Сем од иднината повлече еден дим од цигарата и гласно го испушти во воздухот.
Сем од сегашноста погледна во правецот од кај што дојде Сем од иднината и саркастично рече:
– Немој да ми кажеш дека си направил, односно, јас ќе направам и временска машина.
10 – А не, не ти треба тоа. Потребна ти е само магична моќ.
– Што!? – гласно извика Сем од сегашноста.
Сем од иднината од џебот на кошулата извади црвено-зелена амајлија, ја крена во висина на главата за Сем од сегашноста јасно да ја види и ја врати во џебот. Тој, пак, ги ококори очите и погледна во амајлијата во неговата рака.
– Дојдов тука да ти кажам дека ако сакаш да имаш пицерија ќе треба малку да се потрудиш.
 

Связаться
Выделить
Выделите фрагменты страницы, относящиеся к вашему сообщению
Скрыть сведения
Скрыть всю личную информацию
Отмена