[{{mminutes}}:{{sseconds}}] X
Пользователь приглашает вас присоединиться к открытой игре игре с друзьями .
Фотографија
(0)       Используют 3 человека

Комментарии

Ни одного комментария.
Написать тут
Описание:
рассказ на македонском языке. Автор: Бајлозова-Барламова С.
Автор:
Велимира
Создан:
19 декабря 2021 в 05:51 (текущая версия от 2 февраля 2022 в 02:56)
Публичный:
Нет
Тип словаря:
Книга
Последовательные отрывки из загруженного файла.
Содержание:
22 отрывка, 9626 символов
1 Кога одеше на гости на село, дедо му постојано му велеше:
– Ја гледаш рамкана на ѕидот? Празна е. Твојата баба велеше празни рамки не се чуваат. Тие се за мртовци. Треба да се пополни со фотографија за да не донесе зло во куќата. – Потоа ќе се насмееше и ќе му ги истегнеше ушињата на малиот внучко.
– Таа рамка ни е свадбен подарок со баба ти. Пред да умре баба ти во неа имаше наша заедничка фотографија.
2 Ми рече кога ќе умрам да ми ја стават и рамката, да ја однесам. Таму на тој свет ќе си ја пополниме со некоја друга слика. Потоа пак ќе се насмееше и пак ќе му ги истегнеше ушињата на внучкото.
За неколку месеци Зоран требаше да наполни шест години. Беше ситно момче со мало тркалезно главче и кратки ножиња. Тој беше малото грдо пајче во семејството со ситно јајчесто, ама паметно главче. Во тие рани детски години иако сеуште не беше почнал да оди на училиште, Зоран веќе знаеше да брои, пишува и по малку да чита.
3 Беше лето и некаде околу три часот попладне. Заедно со помалата сестра Лена и со уште неколку деца од улицата си играа криенка во нивниот двор. Трчајќи на горе на долу, детето постојано погледнуваше по удолницата чекајќи го секој миг мајчиното враќање од работа. Како што полека течеше попладнето од денот, повеќето од неговите другарчиња веќе си разотидоа и заминаа по вообичаената домашна потрага по топла чинија грав или свежо приготван ориз.
4 Татко им постојано доцнеше оти работеше и во текот на попладневните часови. Ама секој ден, во ист час и миг, мајчините прегратки беа постојани и непроменливи кои за детето беа најтоплото преибежиште во кое се засолнуваше секој ден по напорната маалска детска игра.
Утрово Зоран го извлече од шкафот првото што го дофати неговото мало раче. Прво ја облече својата мала сестричка, а потоа и за самиот себе направи промена во алиштата кои денеска не беа поминати со врелата пегла и не беа оставени на ноќната масичка.
5 Уште кога ја стави облеката врз себе, го почувствува денот некако поинаков и поразличен од останатите претходно. Наместо домат, сиренце и лебче, излапкаа на брзина три резанки леб намачкан со еурокрем. Е сега дури откако мајка им не се врати денеска од работа, чувството на слобода да прават што сакаат без никој да ги прекорува, почна да се изменува и да се трансформира во чувство на необјаснив страв, носталгичност и посебна потреба да се помирисаат мајчините прегратки.
6 Зоран беше дете кое секоја појава, секој предмт, секое суштество, најпрво го запознаваше со сетилото за мирис. Во однос на тоа дали работите ќе му беа привлечни или одбивни, зависеше најмногу од тоа дали нивниот природен мирис ги успокојуваше неговите сетила или создаваше спротивен ефект – ефект на немир и незадоволство. Така момчето го започнуваше процесот на спознавање на работите од тоа негово рано детство.
7 Таа ноќ беше необична како и остатокот од денот. Татко им се врати доцна и инсистираше веднаш да се замине на спиење оти им нагласи утре ќе станат порано. Мирисот што татковите движења го донесоа во домот беше непознат, ама и неккао одбивен. Беше тоа некој непознат мирис кој сетилата на Зоран се уште не го беа запишале во центарот на детската мозочна сфера. Линиите на татковото лице беа поинакви како и се друго останато – отежнати и обвиснати во правец на гравитацијата.
8 – Мама?
– Утре ќе одиме по мама. Ајде сега на спиење.
Вечерта заврна силен дожд. Зоран внимателно ги слушаше звуците што надоаѓаа од надворешноста. Звукот од грмотевиците гласно пиштеше создавајќи бранови на немир и страв во детското стомаче. Лена веќе спиеше во длабок сон.
Утредента, наместо околу десет часот претпладне како што беа навикнати да стануваат, татко им ги разбуди уште во седум часот наутро.
9 Сè уште сонливи и горделиви во малите очиња, Зоран и Лена со право не можеа да разберат каде ќе одат. По половина час таткото и двете мали деца се качија во автомобилот. За целото тоа време додека татко им возеше, Зоран не изусти ниту збор. За прв пат во овие рени шест години од неговиот живот, во детската внатрешна херметичност брануваа некои непознати и непријатни чувства кои во тие години му беа необјасниви, некако далечни и толку многу непознати.
10 Кога автомобилот излезе од портите на нивната куќа, се упати кон десно и возеше дирекно кон центарот на градот. Најпрво Лена ја оставија кај тетка Маре и повторно продолжија по хоризонтот кој беше крајно непредвидлив за малото дете. Зоран повторно не праша ништо. Се паркираа пред една цвеќарница која се наоѓаше токму до бурекчилницата каде често доаѓаше со Лена и родителите, и каде често уживаше јадејќи го своето парче бурек.
 

Связаться
Выделить
Выделите фрагменты страницы, относящиеся к вашему сообщению
Скрыть сведения
Скрыть всю личную информацию
Отмена